Рецензија: Полудел од љубомора: Белограѓанин во Беч со кујнски нож до смрт ја избол својата бивша девојка

FireShot Screen Capture #201 - 'Полудел од љубомора_ Белограѓанин во Беч со кујнски-crop-resize

Пред нас е вест која тежи од  јазични, литературни и граматички грешки, а има и географско промашување. Станува збор за материјал преземен  од српски медиум, кој не е ниту редактиран , ниту пак, лекториран. Грешките почнуваат уште од насловот:  „Полудел од љубомора: „Белограѓанин во Беч со кујнски кож до смрт ја избол својата бивша девојка“, кој во комбинација со поднасловот:„Австралиската полиција го уапсила Белограѓанинот Игор.М. (33)…“ , делува збунувачки. Така што  е нејасно  дали инцидентот се случил во Австрија, или Австралија!?

FireShot Screen Capture #201 - 'Полудел од љубомора_ Белограѓанин во Беч со кујнскиЛинк до оригиналниот напис: Полудел од љубомора: Белограѓанин во Беч со кујнски нож до смрт ја избол својата бивша девојка

Датум и време на објавување: 23.02.2014, 12:40

Датум на рецензирање: 24.02.2014

Рецензент: Оливера Војновска

Вистинитост: Многубројните грешки ја прават веста нејасна, но таа нема проблеми со вистинитоста.

Извори на информации: Како извор на информации се користи странски медиум, но не се  наведува линкот .

Содржајност: Содржајноста на оваа вест од десетина реда се изгубила  во грешките и во преводот. Таа  е целосно несредена: има јазични (Белограѓанин, Беч, избол), словни (свјаота) и правописни (фебруари) грешки, несоодветна употреба на голема буква (Белграѓанин ), погрешно напишани термини (локна крв, наместо локва крв), а своевиден „проблесок“ достигнува со „австралиска“ полиција.

Оригиналност/Плагијат: Посочено е дека веста е преземена од  еден српски сајт. Меѓутоа, според конструкцијата и начинот на кој е пласиран материјалот што го рецензираме, наликува на целосна копија од друг српски медиум, каде е објавен во потполно иста форма и со идентични: наслов, поднаслов  и фотографии.

Квалитет на насловот: Покрај јазичните и словните грешки во насловот, тој  е и премногу долг.

Фотографија: Веста е преземена  од српскиот медиум заедно со двете фотографии.

Заклучок: Македонската верзија на веста е исклучително лоша, бројните грешки, всушност, ја упропастиле нејзината содржина. Гледано од професионален аспект, ниту еден медиум не смее да си дозволи  ваков начин на обработка и пласирање на информациите. Одговорноста е уште поголема  ако се работи за телевизија со национална концесија. Веста поради грешките стана предмет на потсмев на социјалните мрежи, а за тоа говорат  и коментарите под текстот објавен на интернет страницата на телевизијата. Веројатно,  токму ваквите реакции се причината поради која медиумот наредниот ден ја повлече веста.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција