Рецензија: Познат скопски менаџер и ракометар фатени во прељуба со две сестри

dve-sestri-0987650980907-crop-resize

Овој текст е шпекулација од почеток до крај. А, за да биде вистина или за да се поверува на напишаното, мора да постојат низа елементи. Текстот ги нема и затоа спаѓа во категоријата невистина.

dve sestriЛинк до рецензираниот напис: Познат скопски менаџер и ракометар фатени во прељуба со две сестри

Датум и време на објавување: 02.11.2014, 11:59

Датум на рецензирање: 05.10.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

БЕЗ ИЗВОРИ

Ова е текст кој е напишан на база на шпекулација или по принципот „рекла-кажала“. Озборувања воопшто не му се потребни на новинарството. Написот нема ниту извор, туку целата приказна, наводно, ја има раскажано „баба Милица“, инаку сосетка на посочените ликови. И, како во холивудски филм, текстот има заплет и расплет и сето тоа е скокотливо да се прочита и да се задоволат апетитите на оние читатели кои сакаат озборувања, но тоа не може да се нарече новинарство. Обично, сосетските муабети со кафе, повеќе би наликувале како место каде треба да се раскаже ваква приказна отколку во медиум.

„Познат менаџер и популарен ракометар вчера се најдоа во тешка ситуација, кога девојката на менаџерот влегла во станот и ги фатила двајцата другари како се забавуваат во кревет со две сестри од Ниш, ангажирани како танчарки кај нас. Љубоморната девојка во афект се обидела да му ги отсече гениталиите, во што едвај успеал да ја спречи несреќниот менаџер.“

Во текстот, за овој пасус, кој, всушност, ја претставува и целата приказна, убаво се вели дека е како од холивудски филм. За да биде уверлива приказната, се споменува и улицата каде, наводно, се одвивал настанот:

„Излегов во ходникот бидејќи слушнав врева, турканица, трескање врати, за нашиот портал изјави 74-годишната бабичка Милица, најблиска сосетка на „фаталните двојки“…“

Другата симптоматична работа во оваа приказна е бабата Милица. Нормално дека секоја зграда може да има и баба. Ама, тука се поставува прашањето колку бабата гледа ракомет за да може да потврди за кој точно ракометар станува збор и за кој менаџер се работи. Многу симптоматично е бабата да ги знае сите ракометари, како и деталите во целата случка. На пример, „баба Милица“ знае дека девојките се од  Ниш, знае дека се танчерки, знае дека биле љубовници на посочените ликови, значи знае сè.

И, како и секоја приказна со озборувања, и оваа најверојатно привлекува внимание кај читателите. Претпоставуваме дека и целата спортска ракометна јавност со подзината уста чека да ги дознае имињата на актерите. Затоа и овој текст го прави тоа што е – непримерен за во медиум. Можеби е за на кафе, за муабет со соседите, за на пазар е во ред, ама никако не е за во медиум, па макар и да е целиот вистинит. Секој човек, особено јавна личност, има право на свој интимен живот кој треба да му биде заштитен. Сепак, во случајов „баба Милица“ ги откри. Овој текст не може да се нарече вистинит, затоа што нема извори, нема други показатели кои би ја потврдиле приказната. Како и да е, уште една трач-приказна која ќе предивика внимание во јавноста, но како што се појави, така и ќе се заборави – бргу.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар