Рецензија: Пратениците од СДСМ бараат гаранција и за следните избори

kanal5_com_mk_vesti_detail_asp_ID404991-crop-resize

Рецензираме новинарски производ, кој претставува нејасна и недоречена информација, а пораката која се упатува до граѓаните замаглена. „Пратениците од СДСМ кои добија доверба на граѓаните на предвремени парламентарни избори бараат од раководството на партијата да им гарантира пратеничко место на наредните избори“. Притоа е направена манипулација да се симулира настан, а учесниците во него да се претстават како личности кои се побуниле против политиката на партијата. „Пратеници посочиле дека вложиле многу труд и енергија и дале ветување пред членствотоимало и такви кои предочиле дека на државата со неодстапување од деструктивна политика и повлекување од парламент може да и се случи губење на кандидатски стаус“…

FireShot Screen Capture #154 - 'КАНАЛ 5 - Телевизија' - kanal5_com_mk_vesti_detail_asp_ID=40499Линк до оригиналниот напис: Пратениците од СДСМ бараат гаранција и за следните избори

Датум и време на објавување: 27.05.2014, 17:42

Датум на рецензирање: 30.05.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

НЕМАЊЕ ИЗВОР – НЕ Е ИЗВОР

Нема одговор на основни новинарски прашања: кој, кога, каде,… Повикување на „партиски извори“, „извори на најголемата опозициска партија“, „наши извори брифираат“, ја доведува во прашање вистинитоста на комплетната информација.

Содржината се однесува на најголемата опозициска партија и на нејзината одлука која ќе предизвика сериозни турбуленции на политичката сцена. Тоа е најавено и во насловот „Пратениците од СДСМ бараат гаранција и за следните избори“.

Веродостојност на вака …„сериозни барања од членството“…  кои го доведуваат во прашање интегритетот на партијата, можел да потврди само центар за комуникации на оваа партија, лидерот, портпаролот или, во најмала рака, тие да се содржани во званично партиско соопштение. Бидејќи не се повикува ни на еден од овие извори, туку се држи за „наши извори“ „извори кои не брифираат“ , зклучокот може да биде само еден, дека тоа не е вистина и дека се прави обид за манипулација со цел состојбата во опозициската партија да се претстави како хаотична.

 

СПИСОК НА ЖЕЛБИ

Ако дел од пратениците на СДСМ толку јасно и транспарентно посочиле дека „вложиле многу напор, труд и енергија“, претпоставуваме дека тоа му го кажале или на новинарот лично или на некој партиски собир на кој новинарот бил присутен и тоа требало да го објасни, посочувајќи кои се тие членови на СДСМ на чии „изјави“ се повикува. Во спротивно, имаме право да се сомневаме дека е сѐ измислено и дека се работи за список на желбите на актуелната власт кои би ја девастирале опозициската партија.

…„Откако Зоран Заев и раководството на СДСМ се одлучија за повлекување од парламентот и барање за избори… повеќето од СДСМ побарале од лидерот Заев да им гарантира пратеничко место на наредните избори, однсоно со сигурност тие да се најдат на листиете на СДСМ“…

„Списокот на желбите“ продолжува со она што како желба веќе сме го слушнале и од премиерот:

„Имало и такви кои предочиле дека на државата со неотстапување од деструктивната политика и повлекување од парламентот може да и се случи губење на кандидатски статус и одземање на препораката за почеток напреговори со Европската унија, што би бил лош сигнал и тогаш вината би паднала на опозицијата, нешто, со што раководството на СДСМ не може да се соочи“.

Покрај скриените желби за развој на ситуацијата во СДСМ, има и повик до граѓаните за амнестирање на актуелната власт од одговорнсост за несаканите последици од изборниот процес: …„Со неотстапување од деструктивната политика и повлекување од парламентот може да се случи губење на кандидатски стаус и одземање на препораката…тогаш вината би паднала врз опозицијата“…

Прекршени се основните принципи на Кодексот на новинарите на Македонија кои велат дека:

Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во складот со неа.

 

Членот 1.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

 

Член 14

Известување од политичките процеси, посебно од изборите , треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да о безбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција