Рецензија: Премиерот Груевски оствари средба со менаџерскиот тим на компанијата „Вајбер“

FireShot-Screen-Capture-074-МРТ-mrt_com_mk_node_19558-crop-resize

 

Вестa мора да биде кратка, јасна и содржајна и да одговори на пет основни прашања, кои ја чинат оваа новинарска творба. Ако тоа го нема, како што е во овој случај, читателите ќе бидат збунети и нецелосно или погрешно информирани за настанот кој медиумот сакал да го опише.

FireShot Screen Capture #074 - 'МРТ' - mrt_com_mk_node_19558Линк до оригиналниот напис: Премиерот Груевски оствари средба со менаџерскиот тим на компанијата „Вајбер“

Датум и време на објавување: 19.01.2015, 17:50

Датум на рецензирање: 20.01.2015

Рецензент: Александар Писарев

Направен е обид да се објасни дека премиерот Никола Груевски имал средба со менаџерите на компанијата „Вајбер“ и дека се разговарало за соработка и за размена на искуства.
Во содржината недостигаат две важни информации, кога тоа се случувало, каде и која е и од каде, всушност, компанијата која покажала интерес за сорабтока и за размена на искуствата, со што вистинитоста на целата информација е доведена во прашање. Не се повикува ни на еден извор кој би ја потврдил веродостојноста на овој настан, освен фотографија без легенда, па можеме и да се посомневаме дека фотографијата е од средба со претставниците на компанијата која се спомнува во текстот.

„Менаџерите на компанијата Вајбер посочиле дека се отворени за соработка и размена на искуства и дека компанија го следи напредокот на државата во сферата на информатичките технологии…“

Читателите можат само да насeтуваат дека се работи за некакава информатичка компанија.

Вториот дел на веста е во функција на спинување на владините политики, при што се прераскажува што Груевски им рекол на претставниците на посочената компанија во врска со напорите на Владата во оваа област и реформите кои ги прави Владата во економијата. И толку.

Крајот на веста е целлосно нејасен во поглед на тоа кој кому што му понудил, кој со кого ќе се поврзува на глобална мрежа и ќе шири капацитети.

Не се испочитувани членовите 1 и 4 од Кодексот на новинарите на Македонија.

Член 1. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Член 4. Новинарот ќе го назначи изворот на информациите.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција