Рецензија: Професорите бараа дебата, па избегаа

profesiri-crop-resize

 

Овој текст не може да се каже дека е вистинит. Во него е злоупотребена една изјава, по која се подведува една цела неформална организација. Поради тоа, текстот нема намера да ја прикаже вистината во целост, туку има само една цел: да ги направи сите професори несериозни. Но, како велат – една ластовичка не носи пролет, па така и во текстот, еден професор не се сите професори.

profesiriЛинк до оригиналниот напис: Професорите бараа дебата, па избегаа

Датум и време на објавување: 05.01.2015, 14:26

Датум на рецензирање: 05.01.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ПОДВЕДУВАЊЕ

Овој текст, само ако имал уште една реченица, можел да биде дури и вистинит. Вака не, и тоа поради една проста логика. Точно е дека професорката Билјана Ванковска, а тоа може да се потврди и на снимката што ја направи „А1 он“, вели дека го прифаќа предлогот од премиерот Никола Груевски да присуствува на дебатата што беше преместена во Собранието на Република Македонија.

Но, текстот тврди дека:

„Иако првично бараа дебатата за реформите во образованието да се води во Собранието на РМ, што од таканаречениот „Професорски пленум“ го посочија како услов за учество во дебатата, сега, кога дебатата за реформите во високото образование се префрли во парламентот, тие повторно останаа вон дебатата.“

Сепак, ова не е вистина. Да, точно е дека Ванковска прифати дебата во Собранието. Но, тоа не го сторија и другите професори што беа со неа. Тоа, исто така, се гледа од видеоснимката. Досега своите официјални соопштенија „Професорски пленум“ ги објавуваше на својот фејсбук-профил, а не преку професори поединци. Оттука, може да се заклучи дека ова било индивидуална одлука на професорката. Притоа, можеле, ако сакале, мислење да побараат и од другите професори. Така текстот би добил и содржајност, што не е и сега случај. Поради тоа, не може еден текст да ги подведува сите професори поради една изјава и да ги става во ист кош.

 

ПОЛОВИНА ТЕКСТ – КОМЕНТАР

„Вакво погазување на сопствениот збор од професори не може, а да не остави дамка врз нив. Нивното барање и согласување да учествуваат во дебата е регистрирано од телевизиските камери. Сегашното однесување само ги демаскира вистинските прилики зошто тие одбиваат улчество во дебатата.“

Понатаму текстот е коментар, преку кој се продолжува со омаловажувањето на професорите. Повторно се употребуваат зборови како „нивното“ и „тие“, иако како извор во приказната ја користат само изјавата на Ванковска.

Да биде уште пострашно, тие не ја ни линкуваат изјавата, туку паушално тврдат дека „професорите прифатиле дебата“. Професионално би било да го линкуваат изворот и да кажат што и како било. Вака испаѓа дека треба да им се верува само на чесен збор, без притоа да дадат конкретен аргумент за тоа. Башка што веднаш потоа „Професорски пленум“ на својот фејсбук-профил објави и соопштение зошто нема да учествува на дебатата, но текстот тоа го нема земено предвид и продолжува по ист терк.

Ова е уште ден спин од текст. Не може новинарски производ да си дозволи подводливост. Секој новинарски текст, исто така, мора да има објективност, што во овој случај не е така. Поради тоа може да се заклучи дека овој напис е уште еден од пропагандната машинерија за разбивање на професорското јадро.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција