Рецензија: Путин донесе сонце во Белград

Putin-09876-0980-crop-resize

Веста за посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Србија и за присуството на воената парада, предизвика големо внимание и во Македонија. На моменти, пренесувањето на вестите од Србија беше комично. Како и оваа вест што денеска ја рецензираме.

PutinЛинк до оригиналниот напис: Путин донесе сонце во Белград

Датум и време на објавување: 16.10.2014, 13:54

Датум на рецензирање: 20.10.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

КОГА КОЗЕРИЈАТА ЌЕ СТАНЕ ВЕСТ

Од насловот, па сè до крајот на текстот, оваа вест нема никаква врска со вистината. Веднаш се забележува дека најверојанто се работи за козерија, но таа е пренесена во рубрика „Актуелно“, а медиумот каде што е објавена веста не важи за портал кој објавува шега-вести или измислени вести. Оваа вест е пренесена од српски медиум, па можеби останува веројатноста дека текстот бил напишан на шега или се сакало да се исмее големата „загриженост“ за посетата на Путин во Србија. Сепак, ако било така, тоа требало да се запази во преводот или во преносот на веста, затоа што вака напишана вест, со ваков експлицитно шеговит наслов, може да значи само шега.

Дека веста е шега или козерија, а тоа не било забележано при пренесувањето, можат да потврдат и бројните извештаи, фотографии, видеозаписи, на кои се гледа дека за време на воената парада во Белград врне пороен дожд.

Во текстот се вели:

„Дали ова неочекувано разведрување е случајност, поврзано со виша сила или, пак, со напредна воена технологија за разбивање облаци, не се знае, но во воената парада ќе може да се ужива без чадори“, наведува „Телеграф.рс“.

Ако написот претендирал да биде сериозен, пак, никако не би можело да се најде овој пасус. Текстот од временска прогноза преминува во конспирација и во заговор, па дури се споменува и виша сила. Значи, мешаница од нешта кои би можеле да кажат зошто Путин донесе сонце во Белград? И да не е вистина, да не го гледаме овој текст сѐ уште на интернет, би можело да се помисли дека се работи за голем виц кој е актуелен во изминативе неколку дена.

Секако дека оваа вест во српските медиуми е шега. Путин предизвика огромни реакции во Србија, па нормално се направија и еден куп текстови и видеозаписи со забавна содржина на сметка на рускиот претседател. Сепак, тоа требало да се препознае и барем да се назначи дека текстот е козерија.

(Напомена: видео клип на српски јазик)

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција