Рецензија: Путин во Белград доаѓа со „позлатен“ авион !

FireShot-Screen-Capture-031-КАНАЛ-5-Телевизија-kanal5_com_mk_vesti_detail_asp_ID50953-crop-resize

Посетата на еден светски лидер на регионот, да се посматра само низ опис на неговиот авион во најмала рака е несериозно. Истата информација ја пренесле и сите други провладини медиуми. Тоа е меѓутоа прашање на уредувачката политика, а ние ќе се задржиме на методологијата, според која оваа информација заслужува рецензија. Во стилот на турските серии, информацијата дава детален опис на авионот на рускиот претседател Владимир Путин, најавувајќи дека „Путин во Белград доаѓа со „позлатен“ авион.

Сите други информации поврзани со оваа посета за медиумот се периферни, дури и датумот на пристигнување на рускиот претседател во Белград.

FireShot Screen Capture #031 - 'КАНАЛ 5 - Телевизија' - kanal5_com_mk_vesti_detail_asp_ID=50953Линк до оригиналниот напис:
Путин во Белград доаѓа со „позлатен“ авион !

Датум и време на објавување: 13.10.2014 11:03

Датум на рецензирање: 14.10.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

ДАЛИ Е ТОА ВИСТИНА ?

Како да се верува на информацијата која не се повикува на извор, а целата содржина е сензационалистичка со опис на претседателскиот авион како од турските серии:

„Во внатрешноста на авионот „Иљушин“ има три бара, соба за одмор, работна соба, бања со туш кабина и позлатени славини. Ѕидовите се прекриени со свила, а седиштата со скапоцена кожа“ .

Дали е ова најважно во посетата на Путин и може ли да се верува во вака детален опис на еден претседателски авион, ако авторот не каже од каде знае каква е неговата внатрешност.

 

ЕДЕН ОД ЕЛЕМЕНТИТЕ НА ВЕСТ Е „КОГА ? И ЗОШТО?“

Поважно било изгледа да се каже кога пристигнува неговиот автомобил, отколку кога и зошто во регионот пристигнува рускиот претседател Владимир Путин .

„Со посебен авион во четвток во Белград ќе пристигне и автомобилот на Путин мерцедес 5600 пулман гард“. Него ќе го придружуваат 30 автомобили и 10 мотори“.

Понатаму следат други детали поврзани со протоколот околу посетата за која ни до крајот на информацијата не може да се дознае кога ќе се случи.

„Со други два авиона ќе пристигне неговата придружба составена од околу 150 лица“.

Не се испочитувани членовите 1. и 4. од Кодексот на новинарите на Македонија.

Член 1.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци.

Член 4.

Новинарот ќе го назначи изворот на информациите.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција