Рецензија: Quo Vadis, Зоран Заев

Ku-vadis-Zaev-skrinshot-final-crop-resize

Ова е текст со многу прашања, а со ниту еден одговор. Текстот нафрла тези, кои никако не можат да се спојат една со друга. Нема никакви допирни точки ниту со можните одговори ако ги има. Значи кармакаша од текст, кој нема никаво оправдување.

Ku-vadis-Zaev-skrinshot-finalЛинк до оригиналниот напис: Quo Vadis, Зоран Заев

Датум и време на објавување: 03.05.2014, 14:10

Датум на рецензирање: 05.05.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ЗАНАЕТСКА УТКА ОД ТЕКСТ

Не се ни трудиме да бараме вистина во текстот затоа што ниту тој има намера да ја прикаже. Тука рецензираме еден текст, кој е школски пример дека не е новинарски, туку некој друг жанр, затоа што не се обрнало внимание на занаетските правила.

Нема извори на информација, туку целиот текст е на база на шпекулации. А, за да се поткрепат шпекулациите има едно големо – НИШТО. Вакви текстови, сме кажале и порано, се пишуваат за 5-6 минути. Тој има нешто како нафрлени тези или тоа барем изгледа така. Но, тоа би изгледало, на пример, како да буричкате во контејнер за да најдете чисто и свежо овошје.

 

ПРИСТРАСНОСТ ВО НАМЕРАТА

Целиот текст е пристасен, се гледа дури и од авион. Не може инаку да се напише ваков текст, ако нема пристрасност уште во намерата.

Целиот „новинарски производ“ е всушност коментар. Но, текстот „успешно“ е ставен во рубрика Македонија. За волја на вистината, ова нешто не би поминало ниту во рубриките „Верувале или не“, а не, пак, во рубрика од типот на Коментари или Колумни.

Оргинален текст напишан набрзина, нема разграничување на посочените тези, туку брзо и брзоплето се поминува од една до друга теза, за помалку или повеќе, кога ќе го дочитате до крај (ако морате) да се изморите и да речете дека залудно сте го потрошиле своето време.

Насловот сака да му даде некоја интелектуална жичка на текстот, но со првата реченица од текстот идејата паѓа во вода.

Фотографијата е ставена колку за илустрација.

Нема што да се заклучи за ваков текст. Непотребно е. Доволно е и ова време што ви го одзедовме за да ја прочитате рецензијата. Затоа што, сѐ понатаму што и да се каже за овој текст е бесмислено.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција