Рецензија: СДСМ и СОРОС ставија раце и врз студентите

kurir_mk_makedonija_vesti_181502-SDSM-i-SOROS-stavija-race-i-vrz-crop-resize

 

За идните аналитичари можеби ќе биде интересно да проучуваат како на јавната сцена во Македонија во одреден период на нејзиниот развој најважно било да се промовира и форсира идејата дека е чесно и патриотски да не се учествува во она што ни се случува, да не се учествува во подигнување на гласот против неправдата, глупоста, притисоците. Да се молчи и да се почитува мислењето на спин–докторите, резонот на една партија, на еден клан, на еден човек… кои вршат постојана евтаназија на секој никулец на демократија во оваа држава.

Најмалку што може да се каже за овој производ е дека се работи за невидена манипулација, безобразлук и за елементарен недостиг од вкус и од мера.

FireShot Screen Capture #045 - 'СДСМ и СОРОС ставија раце и врз студентите' - kurir_mk_makedonija_vesti_181502-SDSM-i-SOROS-stavija-race-i-vrz-Линк до оригиналниот напис: СДСМ и СОРОС ставија раце и врз студентите

Датум и време на објавување: 06.12.2014 13:15

Датум на рецензирање: 10.12.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

ПОБРКАНИ ЛОНЧИЊА

За да се маргинализираат протестите, измислена е некаква „методологија“ за „мерливост“ на успехот на протестите, при што се „измешани лончиња“.

„Во Македонија според податоците има 60.000 студенти и 85.000 средношколци. Еден протест се смета за успешен ако на него излезат најмалку половина од овој број, односно 30.000 студенти и 40-тина илјади средношколци, кои на улиците би резултирале со бројка од 70.000 луѓе.“

Се прави опасна манипулација и измама на граѓаните, при што, всушност, протестите се изедначуваат со референдум, кој се смета за успешен ако на гласањето излезат половина од вкупниот број запишани избирачи, односно според Законот …„Излезноста е клучна за успехот на референдум“… (Закон за референдум).

На овој начин им се одзема легитимност на студентските барања, а предлагачот на Законот за државен испит се амнестира од секаква обврска да го чуе нивниот глас. Протестот однапред се прогласува за неуспешен и необврзувачки за надлежните институции.

„Тоа што на последниот протест во Штип излегоа само шеесеттина студенти и во Скопје околу илјада не е сериозен репер и кажува дека СДСМ и СОРОС на сила сакаат да доминираат и да се наметнат, но доживуваат фијаско и не наоѓаат поткрепа кај младите.“ 

 

ПЕРДЕ НА ОЧИ

Се бега од реалноста, па „Студентски пленум“, кој прераснува во сериозно студентско движење, независно од која било политичка партија, со јасно дефинирана стратегија и цел да се избори за автономија на универзитетот и своите легитимни права, се прогласува за таканаречена организација на која ѝ се лепи политичка етикета на опозицијата и на Сорос.

Она што сите го гледаат овде се констатира дека, всушност, не постои.

„Уште еднаш се докажа дека неформалната студентска организација „Студентски пленум“, која повторно најавува протести на студентите на 10-ти декември против најавениот државен испит кој треба да го зголеми квалитетот во високотo образование не постои, односно протестите се поттикнати од високи фунционери на СДММ“



БРОЕЊЕ НА „КРВНИТЕ ЗРНЦА“

Создавање на негативна стереотипизација и пребројување на партиска припадност или симпатии кон одредена политичка опција и ставање на студенти, истакнати интелектуалци, професори и граѓани на Македонија на ѕидот на срамот само затоа што не ја поддржуваат политиката на актуелната власт, станува стереотип.

Се прави причинско-последична врска во семејствата, се навлегува во лична историја, во корените, во животниот пат и во релациите помеѓу претците и потомците. Им се отовора „досие“, чии деца се и кои им биле родителите, вујковците, дедовците… што изгледа не само непристојно, туку и крајно простачки и вулгарно, но и многу опасно.

„Еден од организаторите на студентскиот протест на 10-ти декември е Давид Данаилов, член на централниот одбор на СДММ, братучед на Јон Фрчковски внук на Љубомир Фрчковски“

Прекршени се основните принципи на Кодексот на новинарите на Македоније, кои се залагаат дека новинарите:

Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и ставивите, ќе придонесуваат во јкнење на правната држава и во контрола на власта и на другите субјекти во јавниот живот.

Прекршен е и и член 16:

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува взаемна солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности…

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција