Рецензија: Се продаваат грчките плажи каде што одмораат Македонците – Ќе се наплаќа влез

06052014-MKDNews-Grcija-crop-resize

Оваа вест изворно e објавена во друг медиум, но ја пренесоа речиси сите останати со поента дека се продаваат грчките плажи каде што одмораат Македонците.

Провидно и со елементи на сензационализам, се дува балон кој нема многу врска со реалната иницијатива и импликации на грчката агенција за приватизација и на Агенцијата за проценка и развој (TAIPED). Иако се работи за голема иницијатива во Грција, која опфаќа и приватизација, односно издавање под закуп на голем број на крајбрежни капацитети и плажи, оние каде што, меѓу другите, одмораат и Македонци, се само помал број.

Значи, не се „продаваат само плажите каде што се одмораат Македонци“, како што се издвојува во насловот и во текстот што го рецензираме, туку и стотина други низ цела Грција.

06052014-MKDNews-GrcijaЛинк до оригиналниот напис: Се продаваат грчките плажи каде што одмораат Македонците – Ќе се наплаќа влез

Датум и време на објавување: 05.06.2014, 10:30

Датум на рецензирање: 05.06.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Освен тоа, како што може да се види и од многу текстови во повеќе медиуми во Грција, оваа идеја е само во зародиш и нејзината реализација сѐ уште нема некој временски определен рок. Згора на тоа, како што објавува еден грчки портал во текст со наслов  „Greece sells 110 of its best beaches in the name of development“, обврска на закупувачите ќе биде еден дел од плажите што ќе бидат закупени да се користат, како и досега, без надоместок.

Освен тоа што дека „ќе се наплаќа влез“ не е точно, закупувањето на плажите не значи влезници по автоматизам. Има илјада други начини некој да заработува од плажите.

Како и да е, текстот што го рецензираме, како и повеќето од останатите што ја пренесуваат изворната веста, издвојуваат и нагласуваат нешта за кои нема основа или е прерано да се донесува заклучок.

Наместо објективна и одмерена информација, која не е небитна во пресрет на годишноодморската сезона, и овој пат преовлада потребата од сензационализам, иако, како што потврдија проверките, за такво нешто нема основа.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција