Рецензија: Се пролеа крв на скопските улици – 14 сообраќајки за еден ден

Се пролеа крв на скопските улици   14 сообраќајки за еден ден   Press24 crop-resize

Ова е текст за тоа како не треба да се пласира наслов. Најнапред поради тоа што е неточен. Желбата за повеќе кликови и читања навистина е голема кај повеќете портали, посебно последните години, што се должи на големата конкуренција, но мора да се запазат новинарските стандарди, а тоа е да се известува објективно и вистинито, што во овој текст не е сторено, затоа е и денеска на рецензија.

Се пролеа крв на скопските улици   14 сообраќајки за еден ден   Press24 finalЛинк до оригиналниот напис: Се пролеа крв на скопските улици – 14 сообраќајки за еден ден

Датум и време на објавување: 24.09.2014, 09:21

Датум на рецензирање: 25.09.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

СКАРАН СО ВИСТИНАТА

Овој текст е скаран со вистината. Се работи за билтен на МВР, кој по правило е неинтересен за читање, па за да се зголеми читањето пласирана е невистина. Во написот станува збор за неколку сообраќајки, од кои само една е со потешки последици врз луѓето и тие не се во животна опаснот. Другите се полесни сообраќајни прекршоци. И од сето тоа да се извади наслов дека „се пролеа крв по скопските улици“ е крајно неетички. Вака изгледа дека се работи за некој извештај од Сирија, или од некое бојно поле. Башка што не е работа на новинарот да сее страв меѓу граѓаните, посебно помеѓу оние читатели кои ги запазуваат само насловите. Поради тоа, треба да се води сметка кога се пласираат вакви тези зашто тие се едноставно невистинити.

Ова е текст кој е билтен, па поради тоа и е содржаен колку што дало информации на својата бев страница Министерството за внатрешни работи. Целата „незгода“ ја прави насловот.

За вакви текстови на Сервисот за проверка на факти се пишувало и порано. И тогаш сме кажале дека:

Желбата за читаност, т.е. кликаност на вестите на порталите не еднаш довела до сензационални наслови. Но, откако ќе се прочита текстот, тие испаѓаат не само непропорционални на неговата содржина, туку звучат дури и комично.

Затоа има некои текстови кои не се за читање, ниту за качување на кликови. Едноставно, такви треба да останат, чисто информативни и такви какви што се.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција