Рецензија: Шок за фановите: Тара Рид изгледа страшно!

КАНАЛ-5-Телевизија-crop-resize

Колку една актерска ѕвезда треба да ослаби, да се здебели, остари или да има запуштен изглед, за да им се соопшти на читателите дека изгледа страшно?

Згора на тоа, ако истата актерка сама си поставува фотографии на социјалните мрежи, од каде им право на медиумите да пресудат дека на нив изгледа страшно или недостојно на посакуваниот имиџ? Секако, со тој суд и да се повикаат читателите да кликнат на веста…

КАНАЛ 5   ТелевизијаЛинк до оригиналниот напис: Шок за фановите: Тара Рид изгледа страшно!

Датум и време на објавување: 16.08.2014

Датум на рецензирање: 17.08.2014

Рецензент: Стојан Синадинов

Обично се вели дека фактите се светост. Но, кој може да си ја преземе улогата на поголем „светец“, па врз основа на споредба на неколку актуелни фотографии и една од пред десеттина години, да утврди дека личноста „изгледа страшно“?

„Актерката Тара Рид на Твитер постави неколку фотографии на кои веројатно само таа мисли дека изгледа нормално“.

Изворот на информации, врз чија основа се суди за нечиј изглед, се фотографии. На овие фотографии нема никаков „страшен изглед“. Споредено со фотографијата од почетокот на нејзината кариера, има неколку килограми помалку, но медицината е таа која треба да каже дали се работи за анорексија. И тоа само во случај доколку личноста тоа го почуствува како проблем.

Наспроти тоа, текстот со супериорна увереност тврди:

„Тара е драстично ослабена, толку што предизвика вознемиреност меѓу нејзините фанови!“

Пристрасното коментирање во текстот оди дотаму што ѝ се држат лекција на актерката:

„Сега изгледа сосема поинаку, и што е најчудно, не само што не гледа проблем во својот изглед, туку се гордее со линијата.

Насловот е сензационален и несоодветен.

Во „Прирачникот за етиката во новинарството“ на авторите Тарама Чаусидис и Зоран Бојаровски стои следново:

„Стереотипите се непријатели на доброто новинарство! Секој е различен.“

Но, стереотипите се толку податливи за „брзи“ кликови.

Фотографиите служат само за манипулација, со попатно „жалење“ дека самата личност не успева да најде проблем во сопствениот изглед?!

Секако дека клишеизирањето на физичкиот изглед, посебно кога во прашање се тинејџерите, е еден од фетишите на современото време во кое имиџот е (речиси) сѐ. Децениското моделирање на познатите личности со „тенка“ фигура можеби довела до екпанзијата на анорексијата, но да се прогласува нечиј изглед како страшен и непожелен е само другата страна на истиот стереотип.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција