Рецензија: ШТО НАПРАВИ: Овчар каменувал воз – прочитајте детали

kamnenuvan voz-09876-098-crop-resize

Обично летната шема на медиумите е преполна со обиди да се најдат вести и онаму каде ги нема или каде веста не ги задоволува критериумите што би ја правеле сигурна и потпрена на уверливи извори. Некогаш тие вести се нарекуваа „ајкули –убијци“, бидејќи весниците, а подоцна и другите медиуми јавуваа за настани за кои би нашле публика, пред сѐ, среде летувалците и нив би ги привлекол – стравот, како елементарен двигател на интересот на секој човек.

Овде е објавен текст кој е поврзан со летото преку патувањето со воз, превозно средство што би требало во овие месеци да се користи почесто, но кое може како патник да ве доведе до непријатна ситуација – да бидете каменувани! Ќе мора да се признае – непријатна ситуација. Стравот кај патникот се буди.

kamnenuvan voz-09876-098Линк до оригиналниот напис: ШТО НАПРАВИ: Овчар каменувал воз – прочитајте детали 

Датум и време на објавување: 06.07. 2014, 13:50

Датум на рецензирање: 14.07.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

„На 05.07 2014 година околу 19,45 часот на делот од пругата помеѓу ж.с. Куманово и ж.с. Табановци од страна на лице (овчар кој напасувал стока покрај пругата) извршено е каменување на патничкиот воз кој сообраќа на релација Скопје-Табановце. Од извршеното каменување нема скршено стакло или повредени патници, но била загрозена безбедноста на железничкиот сообраќај“.

Ова, инаку, не е цитат од текстот, туку целосната вест, која е доста куса, речиси невообичаена за вниманието кое сака да го предизвика. Таквата „распосланост“ на неколку редови се должи на непостоењето на извори на кои се засновува, па како да се сакало само да се добие „клик“, односно некаков интерес во замена за – речиси никаква релевантна содржина?!

Во оваа вест се знае дека се работи за патнички воз, кој меѓу станиците Куманово и Табановце (релација која се минува за 20-тина минути и која секако можела да биде попрецизна) некој овчар ја загрозил безбедноста на сообраќајот! Нема податок кој ја дава информацијата или од кого медиумот го прима или осознава! Не е јасно кој вели дека се работи за овчар! Потоа, нема сознание што е сторено по тоа прашање и како се загрозува безбедноста ако нема штета – односно би требало да има малку „штоф“ во таа приказна со детали.
Една целосно шуплива вест го бара својот летен читател. Настрана што има наслов кој ниту граматички, ниту смисловно не најјасен, но затоа е долг колку веста. Ниту фотографијата – дел од полициски автомобил не разјаснува ништо: има ли полицијата некаква врска со веста?

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција