Рецензија: Што сѐ се гради на Водно

03172014-Utrinski-Vodno-crop-resize

Не може новинарството да се сведе само на поставување прашања без одговори. Каква смисла има тоа? Медиумската содржина што ја рецензираме е низа од прашања што авторот ги собрал на социјалните мрежи и толку! Првото новинарско правило е дека новинарите трагаат по ОДГОВОРИ на поставените прашања, нивни и на јавноста. Поставувањето прашања не е доволно.

03172014-Utrinski-VodnoЛинк до оригиналниот напис: Што сѐ се гради на Водно

Датум и време на објавување: 12.03.2014, 15:49

Датум на рецензирање: 17.03.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Сосема е во право господинот кој го предложи овој новинарски текст во делот за предлози на читателите на Сервисот за  проверка на фактите од медиумите (СПФМ) на нашиот веб сајт кога вели:

„Сите ги видоа сликите по фејсбук. Зошто новинаров кажува само за нив, наместо да направи новинарско истражување и да дознае и да извести која е вистината, да ги праша надлежните, катастар, Џевахир, кој е се тука вмешан?“

 

НЕ Е СЕКОЈА МЕДИУМСКА СОДРЖИНА НОВИНАРСТВО

Зошто запрела новинарската иницијатива само на констатација на интересот на граѓаните на социјалните мрежи и на препис на прашањата што си ги поставиле? Наместо да послужи како „допрен глас“ за новинарско истражување и да се провери нешто што е контроверзно и што, очигледно, го предизвикува јавниот интерес, конструирана е информација која ништо не значи, која сите ја знаат на ниво на прашања.

А, адресите на кои треба да се побараат одговорите сами се нудат. Воопшто не е тешко да се идентификуваат одделениото за урбанизам на град Скопје, општина Сопиште, Министреството за транспорт и врски, Катастарот…

Интересно, вака како што е објавен текстот, ги нема елементите за рецензија според методологијата на нашиот Сервис за проверка на фактите од медиумите: вистинитост, извори на информации, содржајност, пристрасност…

Има само наслов, прашања и фотографија, која е преземена од социјалните мрежи. Тоа не е доволно една медиумска содржина да се нарече новинарски текст.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција