Рецензија: Што загубија Либијците со смртта на Гадафи

Што_загубија_Либијците_со_смртта_на_Гадафи-crop-resize

Текстот “Што загубија Либијците со смртта на Гадафи”, објавен пред една година, е препишан од интернет каде што можат да се најдат десетици слични текстови, на повеќе јазици, каде што се набројуваат добрите страни на режимот на Гадафи. Македонскиот портал, кој го преведува, се задоволил со превод на овој текст кој што својот извор најверојатно го наоѓа во про-Гадафи пропагандата што ја има во изобилство на интернет. Читателот без познавања за Либија ќе биде убеден дека сите Либијци биле среќни и се прашува зошто светот ги поддржа силите што бараа крај на владеењето на Гадафи. Ниту еден збор не е оставен за да се објасни репресијата на која беше подложен либискиот народ за време на овој режим.

Карактеристика на политичкиот систем во Либија е контрастот помеѓу социо-економските придобивки од државниот удар во 1969 година и политичката репресија која стапува на сила потоа. Со доаѓањето на власт на Гадафи, Либија влегува во кус период на либерализирана политика и демократија, но овој период се затвора по само три години, во 1973 година, кога тој одлучува да ѝ сврти грб на средната класа која верувала дека се ќе воведе демократија. Од страв да не ја изгуби власта, режимот останува затворен и го става општеството под контрола. Медиумите не се независни и критиката кон власта станува непожелна.

Овој текст не дава ни збор објаснување за овие контрадикции на општеството кои не донесоа демократија.

Што_загубија_Либијците_со_смртта_на_Гадафи_-_2013-12-26_19.53.04Линк до оригиналниот напис: Што загубија Либијците со смртта на Гадафи

Датум и време на објавување: 20.10.2012

Датум на рецензирање: 26.12.2013

Рецензент: Светлана Јовановска

Вистинитост: Текстот има вистинити елементи, бидејќи е познато дека режимот на Гадафи донел социјални придобивки за населението, но изостава да прецизира дека политичката репресија и сестраната контрола, политичките затвореници и нивните масакри, исто така, постоеле и создавале незадоволство. Овој текст не наоѓа место да зборува за демократијата и придобивките што таа ги носи.

Извори на информации: Изворот на информации се повеќе текстови на про-Гадафи пропагандата на интернет.

Содржајност: Текстот не е содржаен, бидејќи е само набројување на социјалните придобивки за Либијците без повеќе содржина за тезата која сака да ја прикаже.

Пристрасност: Текстот е пристрасен, бидејќи не дава второ мислење за ситуацијата во Либија.

Коментирање: Во овој текст нема коментар, но целиот може да се смета за субјективно коментирање на ситуацијата во Либија.

Оригиналност/Плагијат: Текстот е плагијат од повеќе текстови на интернет.

Квалитет на насловот:  Насловот сака да привлече внимание и да остави впечаток дека Либија загубила многу со заминувањето на Гадафи.

Фотографија: Фотографијата го покажува Гадафи во неговата поза на водач.

Заклучок:  Следниот цитат е најдобриот коментар на рецензираниот текст:

«Една година по убиството на Моамер Гадафи, може да се каже дека Либијците се во голема загуба. Со воведувањето на западната демократија, за која се бореа бунтовниците, народот на Либија ги загуби бенефициите, за кои 99,9 отсто од луѓето во светот сонуваат. Еве што се Гадафи му обезбеди на својот народ.»

По овој увод текстот продолжува со долг список на бенефиции кои ги користел народот во Либија како бесплатна струја, лекување и образование, секој имал своја куќа, оној што сакал да стане фармер добивал земја, куќа, опрема, семе и добиток за да почне да работи, итн. итн., текстот набројува цела редица социјални придобивки.

Според пропагандата, револуцијата во Либија и смртта на Гадафи се  резултат на некаква западна завера, а не барање на либискиот народ. Текстот прави список на социјалните придобивки за време на владеењето на Гадафи, но никаде не се споменуваат политичката репресија, политичките затвореници и нивните масакри во време на 90-те години, итн.

Либиското општество мина низ големи премрежија од 1969 година и тогашниот државен удар со кој режимот на Гадафи беше етаблиран. Според аналитичарите, во тој период по 1969 година е забележан социјален напредок, но истовремено политичкот систем има забележано сериозна регресија, а општеството потпаѓа под репресија и контрола.

Сериозен новинарски текст, кој сака да подвлече дека либиското општество се грижело за својот народ, би требало да ја даде и другата страна медалот, кој се одликува со недостиг на демократија.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција