Рецензија: Швеѓаните не сакаат ЗОИ во Осло?!

wwwsitel_com_mk_shvegjanite-ne-sakaat-zoi-vo-oslo-crop-resize

Насловот: „Швеѓаните не сакаат ЗОИ во Осло?!“,  е најпроблематичен елемент во оваа  преземена агенциска вест, во која не е наведен изворот. Тој на прв поглед остава впечаток како Швеѓаните да им завидуваат на своите најблиски соседи – Норвежаните, поради можноста третпат да бидат домаќини на Зимските олимписки игри во 2022 година!

Всушност, во насловната конструкција е направен е гаф. Не се работи за Швеѓани, туку за Норвежани. Агенциската информација е дека и главниот  град на Норвешка се откажал од кандидатурата за организација на ЗОИ од финансиски причини. Инаку, пред Осло од  организација  на ЗОИ 2022 се откажаа Скокхолм,  Краков, Лвов, Сент Мориц и Минхен.

www.sitel.com.mk_shvegjanite-ne-sakaat-zoi-vo-oslo

Линк до оригиналниот напис: Швеѓаните не сакаат ЗОИ во Осло?!

Датум и време на објавување: 02.10.2014, 09:28

Датум на рецензирање: 07.10.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

ЛОША КОПИЈА

Станува збор за вест „позајмена“ од друг медиум (новинска агенција), каде е објавена претеходниот ден – 01.10.2014 во 23:31:49 часот.  Во материјалот што го рецензираме се забележува истиот пропуст од оригиналната вест – словната грешка (финсиската).

Фактички, веста е целосно препишана, освен насловот кој во оригиналот е сосема коректен: „Осло се повлече од трката за организација на ЗОИ 2022“.

Така што, податоците во содржинскиот дел на веста се вистинити, но направен е погрешен избор на наслов. Тој делува збунувачки. Преку него во јавноста се испраќа лажна информација дека „Швеѓаните не сакаат ЗОИ во Осло“. А, со оглед на тоа дека се работи за преземен материјал, требало само да се биде малку повнимателен и веста ќе беше коректна.

Вака поради брзоплетост е добиена лоша копија, која поради грешката во насловот предизвика потсмешливи коментари на социјалните мрежи:

 „Осло нели беше во Африка?“   „У азија е седи кец!“  „Абе  мешам Азија, Африка и Антарктик… знам западно беше… моја грешка“

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција