Рецензија: Си беше еднаш една Ана… (фото)
Основната дилема е зошто ова заслужува да се најде во медиум и каква порака треба да пренесе?
И членот 15 од Кодексот на новинари налага дека новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката.
Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката.
Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.
Линк до оригиналниот напис: Си беше еднаш една Ана… (фото)
Датум и време на објавување: 18.08.2014
Датум на рецензирање: 20.08.2014
Рецензент: Мирослава Бурнс
Иако во случајов, се пренесува вулгарна порака без никаква поента, сепак, мора да се стави до знаење дека пренесувањето на информацијата од старт значи позиционирање на медиумот кон некоја појава во општеството.
Во спротивно, не би постоела разлика меѓу она што го гледаме на улица и медиумот. Медиумот има работа да филтрира, да обработува, да дијагностицира некоја негативна или позитивна појава и кон неа соодветно да се постави. Во случајов, игнорирање би било соодветно.
Се поставува и прашањето за вест-вредност, поточно, доаѓаме до заклучокот дека не се што би било интересно за читање, е и вредно за објавување. Се добива впечаток дека жанрот фото-вест се користи за да се пласираат сексистички и навредливи коментари, кон женската популација. Едноставно, неодговорно се пренесува порака, некритички се објавува, а притоа тоа е уште полесно, кога нема инволвирано посочена личност, кога нема кој да се навреди, кога нема кој да реагира и кога нема никој лично засегнат. Одговорноста кон јавноста е примарен постулат врз кој почива и довербата. Овде ниту има извори, ниту има простор да се праша некој. Не може да се најде ни која е темата и идејата на оваа објава. Едноставно, не соодветствува ниту на стандардите ниту на новинарските жанрови. Одговорноста кон јавноста е она што го разликува новинарот од било која друга професија. Отсуствуваат сите можни критериуми на информативните жанрови и тоа создава конфузија. Своевидната „таблоидност“ оваа објава не може да ја оправда со никаква причина. Кренати раменици и прашалници, како и сосема поместени критериуми за тоа што заслужува медиумско внимание.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар