Рецензија: Сите роднини ги направил директори – кој е всушност Никола Рилковски?

Сите роднини ги направил директори Press24-crop-resize

Сите роднини ги направил директори – кој е всушност Никола Рилковски? “, е пристрасен напис  кој просто зрачи со тенденциозност и тоа од насловот, па до последниот ред. Уште од самиот старт на текстот е забележливо дека идејата не била да информира кој ќе биде новиот претседател на ДИК, туку да се оцрни неговата личност.

„Никола Рилковски е кандидатот за нов претседател на ДИК кој опозициската СДСМ го достави до Парламентот. Рилковски беше пратеник на СДСМ во македонското Собрание и важи за локален моќник во СДСМ во Охрид.“

Овој материјал во кој се тврди дека Рилковски, наводно,  ја искористил функцијата за да ги згрижи членовите од поширокото семејство,  има проблеми со релевантноста.  Имено, тој се повикува на друг портал и ја дава само едната страна на приказната, без воопшто да се направи обид да се праша втората страна и да се надгради објавената содржина.

Сите роднини ги направил директори - кој е всушност Никола РилковскиЛинк до оригиналниот напис: Сите роднини ги направил директори – кој е всушност Никола Рилковски?

Датум и време на објавување: 9.11.2013, 14:08

Да тум на рецензирање: 11.11.2013

Рецензент: Оливера Војновска

Вистинитост: Во текстот се  посочува  дека:

„Рилковски својата позиција во СДСМ и блискоста со поранешниот градоначалник Александар Петрески ја искористил да вработи поголем дел од своето семејство на раководни функции во Охрид“

Потоа се редат обвинувања за непотизам, но тие не се поткрепени со ниту еден факт и нивната веродостојност не може да се утврди.

Извори на информации: Текстот нема прецизни извори на информации, ниту пак посочува соговорници. Единствениот извор се:

„информациите од охридската јавност“,

со забележлива интенција за критикување. Поентата на ваквите неаргументирани тврдења е на читателите да им се наметне перцепција дека, всушност, тие веќе одамна  се „добро позната вистина“.

Содржајност: Написот е целосно едностран без никаков став од Рилковски. Вистинскиот мотив за пишување на овој текст е кандидатот за претседател на ДИК  да се прикаже во многу лошо светло.

Пристрасност: Текстот е неизбалансиран и силно провејува наклонетост кон владејачката партија. Тоа е видливо од самата конструкција  и манирот во кој е напишан, вклучително  и  елементите со кои се става под сомнеж неговата  чесност:

Исто така Рилковски во времето на СДСМ изгради и зграда во луксузниот дел на Охрид на булеварот Туристичка, во која потоа беше сместен штаб на СДСМ“,

Коментирање: Целиот напис е скроен во форма на критичко четиво испреплетено со коментаторски елементи . Во самиот почеток на текстот  Рилковски на читаталската публика и се претставува како „локален моќник“, за во завршниот дел да се оквалификува како „провокатор на инциденти во Собранието“.

„Во периодот кога беше пратеник во Собранието ќе остане запаметен по инцидентот кој што го предизвика, кога фрлаше со шише и ја навредуваше својата колешка Светлана Јакимовска“.

Оригиналност/Плагијат:  Текстот е целосно  преземен од друг портал. Написот истиот ден беше објавен во идентична форма на уште еден сајт.

Квалитет на насловот: Во конструкцијата на насловот има прашање и одговор, но дадени во обратен редослед. Тезата од насловот се гради во текстот со паушални, непроверени информации.

Фотографија: Текстот е илустриран со фотографија на која Рилковски делува како да се расправа. Таа треба да го заокружи впечатокот што се креира за имиџот на Рилковски.

Говор на омраза: Освен очигледната намера за дискредитација на личноста на Рилковски, може да се препознаат и елементи на политичка дискриминација, бидејќи мотивите за негово омаловажување се политички.

Заклучок: Веднаш по поднесувањето на кандидатурата за шеф на ДИК (предлог на опозицискиот СДСМ) порталот излегува со еден претенциозен напис. И насловот и текстот тежат од обвинувања на адреса на Рилковски. Тој на јавноста ѝ се претставува како човек кој единствено се грижи за  личните интереси и го користи политичкото влијание за да ги протежира  членовите на неговото семејство. Со насловот и со непотврдените обвинувања се добива еден фабрикуван новинарски производ  наменет да го наруши угледот на кандидатот за претседател на ДИК.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција