Рецензија: Скандалозно: СДСМ излажа за членство на претседателство на Шеќеринска во ПЕС

СДСМ-излажа-за-членството-на-претседателството-на-Шеќеринска-во-ПЕС-kurir_mk-crop-resize

Медиумот се обидува, преку замена на тезите, да ги изманипулира читателите и да ги убеди дека СДСМ лаже oti Радмила Шеќеринска е член на претседателство на Партијата на европските социјалисти (ПЕС). Бегајќи од централната тема, дали Шеќеринска навистина е, или не е во претседателство, медиумот ја објаснува структурата на ПЕС, се повикува на нивниот статут, за да на крај низ еден конфузен и не многу јасен приод кон целата тема, сепак, да го констатира она што го тврди и СДСМ: дека Радмила Шеќеринска е член на Управниот одбор на ПЕС, но со напомена дека нема право на глас. Тоа во целата приказна е потполно неважно, бидејќи СДСМ никаде и не тврди дека Радмила Шеќеринска има право на глас во ПЕС. Едноставно тие само ја информираа јавноста дека таа е член на претседателство на оваа партија. И ништо повеќе.

FireShot Screen Capture #100 - 'Скандалозно_ СДСМ излажа за членството на претседателството на Шеќеринска во ПЕС' - kurir_mkЛинк до оригиналниот напис: Скандалозно: СДСМ излажа за членство на претседателство на Шеќеринска во ПЕС

 Датум и време на објавување: 22.01.2014, 12:56

Датум на рецензирање: 23.01.2014

Рецензент: Александар Писарев

Вистинитост: Ако се изземе наднасловот „Скандалозно: СДСМ излажа за членството на Шекеринска во претседателство на ПЕС“  што не е вистина, и тонот на објавената вест, другите констатции се точни и не се спорни. Што е најлошо, медиумот сам ја побива тезата за некаква измама од страна на СДСМ и скандал дека оваа партија нешто излажала, бидејќи на крајот и самиот констатира: „тие сепак,…  членуваат само како партија соработник по редовна постапка во Претседателство“… Значи, ништо не е спорно. Не е вистина дека СДСМ нешто излажала.

Извори на информации: Извор на информации се сајтовите, статутот и другите документи на ПЕС, кои се јавни и во кои нема ништо спорно што би претставувало скандал во врска со СДСМ.

Содржајност: Содржината е, народски кажано, „турли-тава“, медиумот се обидува преку замена на тези и некакви свои толкувања на документите на  ПЕС да ја сатанизира и омаловажи потпретседателката на СДСМ, Радмикла Шеќерионска и нејзината партија и се заплеткува во сопствената мрежа. Повикувајќи се на официјалната  веб страната на ПЕС и на нивниот статут, и објавувајќи ги, за просечен читател неразбирливите делови од овие документи, тие објаснуваат дека СДСМ не е полноправна членка на  ПЕС и тука,  демек, „ги фатиле во лагата“. (СДСМ никогаш и не тврдел дека е полноправна членка на ПЕС). Со објавените документи, кои се достапни на интернет, и нивното толкување се држат за тезата дека СДСМ не е полноправна членка на ПЕС, туку дека е соработник партија, но не можат да ја докажат основната теза „Скандалозно: СДСМ излажа за членството на Шекеринска во претседателство на ПЕС“,  бидејќи, како што самиот медиум на крај констатира: „Членуваат како партија соработник по редовна постапка во Претседателство“

Всушност, самиот медиум „заклучува“ дека нема никаква лага, а тоа што се во претседателството по редовна постапка, сепак, не го намалува значењето на оваа функција на Радмила Шеќеринска без оглед што нема право на глас.

Пристрасност: Пристрасноста е скриена во омаловажувањето на политичкиот противник.

 Коментирање: Коментарите се ставени во контекст на толкувањето на документите на ПЕС:

„СДСМ со објавувањето за членство на Радмила Шеќеринска во Претседателство на ПЕС се обидува со политички маркетинг да ја излажат јавноста, а притоа не напоменувајќи дека станува збор за редовна постапка и дека Шеќеринска станала  членка на претседатеслтво според редовна постапка“…

Оригиналност/Плагијат: Со оглед на тоа што овој медиум е прв кој ја објави информацијата, која потоа ја пренесоа и други портали, се работи за оригинално дело без потпис на авторот.

Квалитет на насловот: Насловот е сензационален и единствената намера му е да направи скандал поврзан со СДСМ и да го омаловажи.

Фотографија: За читателите неразбирливи и нејасни документи симнати од сајтот на ПЕС.

Говор на омраза: Говорот на омраза нема, но има омаловажување на институции скриено меѓу редовите и во вокабуларот: „Скандалозно, СДСМ излажа за членството во претседателство, се обидуваат да ја излажат јавноста“… Како што видовме погоре, ова тврдење е неточно.

Заклучок:  Се работи за политички контекст, кој во овој случај е силен органичувачки фактор за реално прикажување на вистината, и под неговиот притисок е направена конструкција со која една политичката структура ќе се претстави во негативно светло, ќе се сатанизира и омаловажи.

Очигледен пример кога медиумот се обидува на читателите да им сугерира што да мислат, а не за што да мислат. Написот има само една цел, напад врз политичка партија и обид за сатанизација и омаловажување, навреда и прикажување во негативно светло на потпретседателката на СДСМ.

Во недостаток на аргументи се манипулираат читателите, повикувајќи се на документи на ПЕС, кои се јавни и во кои, всушност, нема ништо спорно со што би се докажала првобитната теза на медиумот за наводната измама и скандал од страна на СДСМ.

Медиумот се држи за периферни информации од ПЕС дека СДСМ не е полноправна челнка, што оваа партија никогаш не го ни тврдела и презентира список на полноправни членки, обидувајќи се на тој начин да ја омаловажи функцијата на Радмила Шеќеринска како член на претседателство, признавајќи, сепак, дека тоа не е спорно. Со тоа, основната теза на медиумот: „Скандалозно: СДСМ излажа за членство во претседателство“… паѓа во вода.

Се работи за чисто подметнување. Тоа не е убаво ни за читателите, а посебно за медиумот, бидејќи на тој начин кредибилитетот лесно се губи, а макотрпно и долготрајно се враќа. За ваков медиумски феномен постои посебен израз „новинарска патка“.

Не е испочитуван член 12 на Кодексот на Институтот за различности во медиумите.

Член 12

„Треба да се игнорираат повиците од властите, политичките партии или од други субјекти со кои од новинарите се бара да покажат лојалност… „ Лојалност на новинарите треба да се насочи кон публиката, на која треба да и се презентираат максимално сеопфатни и точни информации“.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција