Рецензија: Со влезот во ЕУ Хрватска ќе смени дел од стиховите во химната

Авторот на „веста“ може да биде многу горд. Неговото дело го објавија десетина македонски медиуми и најмалку уште толку регионални медиуми. Во што е проблемот? „Веста“ не е точна! Државни агенции, национални телевизии и интернет изданија на тиражни весници наседнаа на „кромид“!

(1) Shvedskiot ambasador go ismejuva Prometej, kako li bi se chuvstvuval nekoj da mu se smee na shvedskiot kral Линк до оригиналниот напис: Со влезот во ЕУ Хрватска ќе смени дел од стиховите во химната

Датум и време на објавување: 10.06.2013, 18:39

Датум на рецензирање: 11.06.2013

Рецензент: Сунчица Стојановска Зоксимовска

Вистинитост: Во текстот нема ниту еден факт. Од првата до последната реченица, се е измислено. Не е точен податокот дека дел од стиховите на хрватската химна ќе бидат сменети откако земјата од јули ќе влезе во ЕУ, ниту дека е можна измена на државниот грб со уште едно знаме во круната. Стихот „течи Драво, Саво течи“ кој наводно ќе се променел во течи Тисо, Рајно-Елбо течи“ е целосна пародија. Наводната забелешка од партијата ХДЗ е целосна измислица, исто како и „ставот“ на неколку политички аналитичари дека треба да се промени и државниот грб. Секој збор е само сатира. „Веста“ е дијаметрално спротивна од вистинската новинарска вест кој задолжително мора да биде ТОЧНА!

Извори на информации: „Веста“ е пренесена од хрватскиот портал news-bar.hr, на кој во делот услови за користење убаво пишува дека е сатирично хумористичен портал. Пишува и дека сите вести се измислени и пародирани и не треба сериозно да се сфатат. МИА, како државна агенција (исто како и останатите медиуми) не проверија нешто што може да се провери со два клика! Во „текстот“ нема извор кој може да ја потврди веродостојноста на напишаното. И тоа требало да биде сигнал до медиумите кои го пренесоа, дека, нешто не е во ред со информацијата.

Содржајност: Цело време зборуваме за пара – вест. Затоа, малку е необично како таа да се цени според новинарските стандарди. Но, дури и да станува збор за  нормална вест, пак не се почитувани тие стандарди. Нема ниту минимално ниво на сеопфатност, бидејќи нема втора страна во приказната. Впрочем, нема ни прва страна, од едноставна причина што никаде го нема изворот на наводната вест.

Пристрасност: Написот се темели на измислена информација, чија цел е да биде скокотлива, провокативна и да ги „боцне“ чувствата на Хрватите. Сепак, информацијата е лажна. 

Оригиналност/Плагијат: Написот е автентично преземен од наведениот портал, кој не е линкуван.

Квалитет на насловот: Насловот е сензационален и предизвикува читливост. Сепак, не е точен.

Говор на омраза: Повеќе, може да се зборува за провокација насочена кон Хрватите, но целта не е да ги навреди нивните чувства или да предизвика омраза. Напротив, намерата на написот е преку еден чувствителен аспект, какви што се националните симболи, духовито да го претстави влезот на Хрватска во Европската Унија и да направи пародија од една политичка ситуација.

Заклучок: Терминот кромид (лажни или пара вести) се поврзува со интернет страницата www.theonion.com. Во таквите вести настанува краток спој меѓу реалноста и замислата. Намената на тие вести не е да бидат точни, објективни, балансирани, туку – смешни и провокативни.

Во случајов, неколку македонски медиуми (МИА, Канал 5, Сител, Либертас, Нова Македонија, А1 он, Бриф, 24 Вести, Макфакс, Економски) наседнаа на „кромид“. Откако стана јасно дека информацијата е лага, некои портали веднаш ја отстранија, додека на други, вклучително и на МИА, можеше да се види и следниот ден. Дел од српските медиуми кои го направиле истиот пропуст (на чело со 24 часа) објаснија дека станува збор за шега. Во Македонија, и сајтот Бриф ја објави информацијата, па ја тргна и напиша дека МИА наседнала на хрватски „кромид“.

При добивање иницијална информација од ваков тип новинарот мора да ја следи трагата на изворот и да направи дистинкција помеѓу извори кои се релевантни и такви на кои не смее да се потпре при создавање на вест.(2) Shvedskiot ambasador go ismejuva Prometej, kako li bi se chuvstvuval nekoj da mu se smee na shvedskiot kral
 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција