Рецензија: Собранието расправа за законите за медиуми

www_sitel_mk_mk_sobranieto-raspr-crop-resize

Во сериозните новинарски производи се води сметка за јавниот интерес (интерес на сите граѓани без оглед на нивното политичко, верско и друго определување) и информациите или извештаите од теренот се подготвуваат имајќи го предвид токму јавниот интерес. Доколку се работи под притисок на одредена политичка клима или доминантна идеологија кои директно влијаат на начинот како одредена информација ќе се обработи и пласира во јавноста, добиваме неточни, некоректни и недовршени вести и извештаи. Такви новинарски производи оставаат многу отворени прашања и не придонесуваат за развојот на демократијата. Затоа им даваме негативна рецензија.

FireShot Screen Capture #082 - 'Собранието расправа за законите за медиуми I Сител Телевизија' - www_sitel_mk_mk_sobranieto-rasprЛинк до оригиналниот напис: Собранието расправа за законите за медиуми  

Датум и време на објавување: 25.12.2013  14:15

Датум на рецензирање: 25.12.2013

Рецензент: Александар Писарев

Вистинитост: Освен со невистинит, ни една друга оценка не би била реална за новинарски извештај во кој свесно е премолчен дел од атмосферата што се случуваше за време на праламентарната расправа за медиумските закони.

Извори на информации: Седница на Собранието на РМ.

Содржајност: Во извештајот од парламентарната расправата за многу важен Закон за медиумите, новинарот свесно премолчел и исфрлил од извештајот дел од атмосферата во парламентот и новинарската галерија. Во содржината на извештајот го немаме практично најважниот дел – дека новинарите со транспарент јасно им ставиле до знаење на пратениците оти законот, таков каков го што предлага Владата, за нив не е прифатлив.

Пристрасност: Извештајот е во голема мера пристрасен кон предлагачот на Законот, односно Владата и не може да се протолкува ни на еден друг начин освен како спин во корист на предлагачот и владеачкото мнозинство, без поговор да гласаат за неговото донесување.

Оригиналност/Плагијат: Оригинал без потпис на авторот.

Квалитет на насловот: Некреативен и безличен.

Фотографија: Собраниската сала за време на некоја седница.

Заклучок: Извештајот е свесно и намерно подготвен под влијание на одредена политичка клима која ја диктира доминантна идеологија и директно влијае на начинот како одредена информација треба да се обработи и пласира во јавноста. Еклатантен пример на спинување во корист на предлагачот на Законот за медиуми и свесно пренесена погрешна атмосфера од парламентарната расправа за да се добие впечаток дека претходела широка јавна расправа во која новинарските здруженија дале поддршка на ваквото законске решение.

„По консултациите кои што ги имавме со  Здружението на новинарите на Македонија во изминатиот период добивме согласност за неколку теми кои што ги имаат тие како барање“.

Очигледно е дека овде проработела „свест“ за цензура и автоцензура на која при пишувањето на извештајот силно влијаел идеолошко-политички контекст во моментот на креација. Тоа бил силен ограничувачки фактор да се направи коректен и точен новинарски производ. Автоцензурата како продукт на  идеолошко политички притисок врз медиумот во овој случај е скриена длабоко во свеста и под нејзино влијание на јавноста ѝ е соопштено многу помалку отколку што тоа приликите го наметнуваат.

Тоа, секако, влијаело да добиеме не објективен извештај. Фаворизиран е делот од расправата  кој не придонесува кон создавање на критичко мислење во општестово, не поттикнува јавна дебата за прашања од општ интерес. Едноставно, не претставува совест на заедницата и станува машинерија која е кочница на демокртаските процеси.

„Според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ова се најдолго и највнимателно подготвувани закони, со јавни расправи и вклучување на сите заинтересирани страни меѓу кои и новинарските здруженија“…

Како намерно да не се сака да се даде никаков бекграунд на извештајот, да се побијат овие тези и да се објасни дека имало сериозни замерки на предложениот Закон, дека Здруженито на новинарите има спротивен став и смета дека нема потреба од донесување на ваков закон. Има јасно се оддалечување од професионалната новинарска улогата да се биде совест на заедницата.

Не се испочитувани принципите 1 и 2 на ИФЈ (Меѓународната федерација на новинарите) и член 1 и 14 од Кодексот на новинарите на Македонија.

 

Принцип 1 на ИФЈ

Приорите и правото на граѓаните е да во извештаите на новинарите бидат точно и објективно информирани за се што се случува.

 

Принцип 2

Новинарот мора да биде непопустлив кон прималивото влијание на политичките и комерцијални интереси.

 

Кодекс на новнарите на Македонија

 

Член 1

Новинарот нема да прикрива суштински податоци.

 

Член 14

Известувањето од политичките процеси, треба да биде непристрасно и избалансирано.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција