Рецензија: Сопартијците на Заев под уцена, бизнисмените во грч

 

zaev-biznismeni-098766-09-fb

 

Едностран, несодржаен, невистинит, без факти… Ова се зборовите кои се клучни во објаснувањето на овој производ, кој тешко може да се нарече новинарски текст

zaev biznismeniЛинк до оригиналниот напис: Сопартијците на Заев под уцена, бизнисмените во грч

Датум и време на објавување: 15.02.2015, 20:00

Датум на рецензирање: 16.02.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

НЕМА ВТОРА СТРАНА

Текстот има само една водилка – сензационализам, која почнува уште од насловот и е присутна до последниот збор. Од далеку се гледа дека јасната намера е до крај да му се наштети на претседателот на СДСМ и тој да се дискредитира. На лидерот на опозицијата му „насамарува“ уценување, а притоа се омаловажува дека е бесчувствителен особено кон своите сопартијци.

Во текстот се зборува за бизнисмените и тоа за сите (?!). Значи, цела бизнис-заедница во еден кош. Башка, нема ниту изјава, макар и неофицијална од некој бизнисмен, кој би потврдил дека е така.

Се гледа дека воопшто не ни била планирана втората страна на приказната, со тоа што намерно е изоставено избалансираното информирање. Кога текстот нуди еден „експерт“ (кој, патем, со истава изјава го има во повеќе медиуми што се согласуваат со политиките на власта), пожелно би било да има и мислење од друг експерт кој критички би се осврнал на исказите. Така текстот би добил и содржајност и објективност, а публиката би имала појасна слика за целата состојба.

Тоа не е сторено и затоа ова е уште еден политички памфлет, кој нема намера да се занимава со вистината, туку со дефокусирање, креирање лажна слика и со купување време.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција