Рецензија: Сопственикот на „Тиме.мк“ се обидува да манипулира со јавноста?
Членот 16 од Кодексот на новинарите препорачува дека новинарите ќе го чуваат угледот и достоинството на професијата, ќе поттикнуваат солидарност и различни мислења и нема да го употребуваат медиумот за пресметка со личности, вклучувајки ги и колегите од професијата. Впрочем, еве ја препораката во целост:
Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.
Текстот што го рецензираме потклекнал во сите одредби на оваа препорака.
Линк до оригиналниот напис: Сопственикот на „Тиме.мк“ се обидува да манипулира со јавноста?
Датум и време на објавување: 25.12.2014, 16:57
Датум на рецензирање: 31.12.2014
Рецензент: Зоран Бојаровски
Но, тоа не е најстрашно. Најстрашно е што овој текст брутално преминува преку линијата на приватното и професионалното. Оваа медиумска содржина без никакви скрупули, ги поистоветува овие две различни сфери и како натрапник го става во прв план личното мислење како грев.
Освен тоа, информацијата што е споделена може да се толкува така како што наведува медиумот. Но – и не мора. Информацијата не вели дека наставно-научниот совет донел одлука да им се придружи на студентите на најавениот протест, туку дека на таа седница професорите, поединечно, зборувале во прилог на активностите на студентите. Значи: може и така да се толкува. Тоа налага дека било неопходно да се побара толкување, што требало да биде следната новинарска постапка, а не да се напише хушкачи текст со коментаторски елементи.
Во членот 13, Кодексот на новинарите вели:
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
Уште еден проблем не може да скрие овој текст. За разлика од приватните, лични ставови, од еден професионален новинарски став не се очекува да биде пристрасен. Така вели членот 14 од Кодексот. А овој е нескриено таков.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар