Рецензија: Страшно-Змија долга 2,5 метри и дебела како човечка рака пронајдена во кратовско

FireShot-Screen-Capture-014-ФОТО_-СТРАШНО-crop-resize

Рецензираме фото вест од пет реда, чија единствена содржина е ширење страв и паника без серизона основа. „Страшно-змија долга 2,5 метри и дебела како човечка рака пронајдена во кратовско“ .
Изгледа дека заплашување на граѓаните и ширење паника стана главна политичка стратегија на извесни медиуми со што треба да се сврти внимание од реалните проблеми. Прво беше Азискиот стршлен, а сега е змија како од циркуска реклама: „Од глава до опаш долга 20, а од опаш до глава 30 метри“.

FireShot Screen Capture #014 - 'ФОТО_ СТРАШНО - Змија долга 2,5 метри и дебела како човечка рака пронајдена во кратовско I Сител Телевизија' - siЛинк до оригиналниот напис: Страшно-Змија долга 2,5 метри и дебела како човечка рака пронајдена во кратовски

Датум и време на објавување: 22.07.2014, 12:00

Датум на рецензирање: 26.07.2014

Рецензент: Александар Писарев

Првиот ефект кој може да биде предизвикан кај читателот е перцепција на настанот и рекацијата – ќе умрам од страв. „Змија долга 2,5 метри и дебела како човечка рака“… ова читателите потенцијано ги доведува во фаза на ризик да се најдат во ситуација на стрес.

 

ШИРОК РЕПЕРТОАР НА ЗАСТРАШУВАЊЕ

Репертоарот на заплашување е навистина неисцрпен, од судниот ден и пропаст на светот, трета светска војна, до азиски стршлен, а сега на ред дојдоа и змиите.

Во сите случаи целта иста, вниманието на милиони граѓани да се сврти од реалните проблеми во државата, народот да не го види сопствениот пекол во кој живее, сиромаштијата, скапотијата, ниските плати, неплатените сметки, извршители…

Дали настанот е вистинит? Има еден елемент кој ја доведува во прашање вистинитоста на настранот. „Летната јулска жега ги измами змиите… оваа, долга 2,5 метри и дебела како човечка рака“. Ако фотографијата е автентична, тогаш се работи за класична измама, бидејки на сликата се гледа човечката рака и ако се спореди со дебелината на змијата очигледно е дека не е дебела како човечката рака.

Терминот „змија“ во насловот не е адекватен и авторот во текстот се корегира „Мештаните велат дека не е опасна бидејќи во прашање е смок“. Недостасува објаснување дека смок не е змија, туку автохтона влечуга која во Македонија навистина достигнува и до два метра, но е безопасна, дури и омилена меѓу локалното население посебно во кратовско, бидејќи, според легендите, ги чува старите депоа со злато во кратовските подземни ходници.

 

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ БЕЗ ОБЈАСНУВАЊЕ

Крајот на текстот е повторно застрашување без аргументи и без објаснување: „Метеоролозите најавуваат нов топлотен бран, па внимавајте каде газите, зошто во Македонија живеат најмалку три вида отровници“. Вакво предупредување морало да биде подетално објаснето, кои се тие отровници, како се препознаваат и како да ги избегнеме.

Со еден збор, направена е паника со појавата на безопасен смок-удав, а реалната опасност („Во Макеоднија живеат најмалку три вида отровнци“) е маргинализирана.

По правило, стравот и паниката секогаш ја предводат таблоидните медиуми, кои со сензационалистички наслови ги застрашуваат граѓаните и предупредуваат на измислени опасности.

Иако во Кодексот на новинарите на Македонија не е посебно нагласено дека новинарите не смеат да шират страв и паника, прекршен е член 1 кој укажува дека

Новинарот треба да објавува точни и проверени информации што во овој случај нее направено.

За вакви ситуации Би-Би-Си има посебно поглавје кое вели:

„Содржината која може да биде претерано заплашувачка или да создаде паника не смее да биде пренесувана во медиуми за да се пополни простор или да направи забава со граѓаните“.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција