Рецензија: Тешко на пушачите: И полицајци ќе казнуваат за пушење на погрешно место ?!

MKnews_mk-mkd-news_com_teshko-na-crop-resize

Фактот дека веста е прочитана 4.140 пати покажува колкав е интересот на граѓаните за темите поврзани со пушењето на јавни места. Медиумот се обидел да соопшти дека се подготвува измена на Законот за пушење во Република Македонија. Велам се обидел, затоа што обидот му е неуспешен. Читателите очекувале да прочитаат точна информација какви измени ќе донесе новиот закон за оваа област, а не добиле јасен одговор на тоа прашање, освен што се проширени овласувањата на полицијата и даночните инспектори и дека поради тоа ќе биде „тешко на пушачите“.

 FireShot Screen Capture #046 - 'Тешко на пушачите_ И полицајци ќе казнуваат за пушење на погрешно место_! I MKnews_mk' - mkd-news_com_teshko-na-Линк до оригиналниот напис: Тешко на пушачите: И полицајци ќе казнуваат за пушење на погрешно место ?! 

Датум и време на објавување: 24.10.2013  13:30

Датум на рецензирање: 30.10.2013

Рецензент: Александар Писарев

Вистинитост: Информацијата е извештај од собраниската комисија за здравство и тука не би требало да има сомнеж во нејзината вистинитост. Меѓутоа, се работи за извештајот кој не е резултат на присуството на новинарот на комисиска расправа, туку е преземен од друг медиум. Читателот не знае што точно пишува во оригиналниот текст и дали информацијата е целосно пренесена.

Извори на информации: Извор на информацијата е „Плусинфо“ на кого се повикува медиумот во својот извештај. Изјавите на пратениците кои се цитирани во текстот се преземени од истиот медиум и пласирани како новинарот автентично да ги слушнал.

Содржина: Информицијата е полна со недоречености и нејасни формулации. Се однесува на измените на Законот за пушењето во Македонија. Ако нешто се менува, значи дека досега не чинело, а во текстот ги немаме причините за измени на законот. Акцентот во текстот е ставен на проширување на овластувањата на полицијата и даночните инспектори. Се добива впечаток дека се работи за измена на Законот за полицијата и даночните инспектори на кои им се прошируваат овластувањата.

Ваков текст, во кој најавата од насловот не е расчленета и објаснета не го информира читателот, го збунува и вознемирува: „Тешко на пушачите: и полицајците ќе казнуваат за пушење на погрешно место.  Во содржината немаме јасно објаснување што ги очекува граѓаните со измена на законот.

Квалитет на насловот: Насловот е јасен и ја содржи главната информација дека на пушачите ќе им следуваат казни за пушење на погрешно место. Проблемот е што во текстот не можеме да откриеме  зошто ќе им биде тешко на пушачите и кои се тоа погрешни места.

Фотографија: Фотографијата е вон контекстот на целата приказна, без легенда и без објаснување, не го потврдува она што е во текстот.

Заклучок: Според дефиниција ова ниту е вест, ниту е извештај. Првиот чекор при правење новинарски извештај е да сте биле на лице место. Целата содржина на овој текст се всушност две изјави од дискусија на комисиска распарава и тоа пренесени од друг медиум. Во текстот немаме одговор на пет основни новинарски прашања: Кој, што, каде, кога, зошто и како. Тоа е основен недостаток на овој текст па читателот  не може да разбере што писателот сакал да каже. Ако се работи за измена на Законот за пушењето и ако за тоа се водела расправа на собраниската комисија, веројатно дека пратениците добиле некое образложение зошто и кој предлага измена на законот. Тоа требало да им се објасни и на читателите. Нема ни одговор на прашањето зошто полицијата  и даночните иснспектори добиваат пошироки овластувања, дали затоа што досега ги немале, или и тука се работи за измена на некои нивни правила на службата. Во текстот се најавува дека: „Полицијата ќе казнува за пушење на погрешно место“. Требало да се објасни кои се тоа погрешни места каде не смее да се пуши.  Дали според измените на Законот се проширува или се стеснува опсегот на пушачката зона во градот и институциите и на тој начин се зголемува бројот на погрешните места. Ако носењето на овој Закон е штетно за граѓаните, како што тоа во расправата го изјавиле пратениците од СДСМ, во текстот морало да се објасни зошто е овој закон штетен за граѓаните. Дали затоа што можеби пушењето е корисно, па е непотребно носење на закон против пушење?

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција