Рецензија: Тетовчанка почина на денот на нејзината свадба
Пред нас е текст кој многу навлегува во приватноста, притоа не ја почитува. Исто така, премногу експлицитно е пренесена болката што не е етички дозволиво во еден новинарски производ. Секако дека оваа вест предизвикува сензација затоа и е пренесена од речиси сите портали во Македонија. Но, сепак, треба да се мисли и на приватноста на личноста што е и едно од начелата во новинарството.
Линк до оригиналниот напис: Тетовчанка почина на денот на нејзината свадба
Датум и време на објавување: 04.08.2014, 08:22
Датум на рецензирање: 05.08.2014
Рецензент: Владо Ѓорчев
МНОГУ СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ
Веста најверојатно се случила, иако нема наведено конкретен извор. Како извор се посочени членови од семејството. Иако членовите на семејството од кои излегла приказната не се посочени ниту со иницијали, крајно некеректно е што сега веќе починатата е посочена со целото име и презиме.
Случајот е опишан во детали што е спротивно на етичките норми:
Според информации од семејството на почината 23-годишна Ајрета, се било подготвено за свадбената церемонија, а семејството на зетот се подготвувало да тргне кон домот на невестата, кога Ајрета Алити умрела на лице место. Првичните информации говорат дека смртта настапила како последица на срцев или мозочен удар.
Инаку, препораките за известување за трауматични настани се вклучени и во Кодексот на новинарите во член 8:
„Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми“.
НЕ СЕ ПОЧИТУВА БОЛКАТА И ЖАЛОСТА
Тука не се почитувала исто така и другата норма од Кодексот на новинари пресликана во член 7:
„Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес.
Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост“
Насловото исто така е сензационалистички, кој е ударен, привлекува внимание.
Кога еден текст крши најмалклу две норми од Кодексот на новинари може да се зкалучи дека е грешка тоа што се дозволило тој да биде објавен. Истата грешка подоцна ја направиле и другите медиуми кои ја пренеле веста, но секако тие се оградиле и го линкувале медиумот кој прв ја објавил. Секако дека вакви вести привлекуваат читатели, но има нешто посилно од тоа, а се вика – Почитување на приватноста и болката.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар