Рецензија: Црвенковски се појави во СДСМ кај својот инструмент наречен Заев

netpress_com_mk_na-bihakjka-sredba-zaev-crvenkovski-crop-resize

Интонацијата, конструкцијата и начинот на кој е пласирана оваа вест од десет реда оставаат впечаток на силна тенденциозност. Ова особено се забележува во насловот кој содржи една прилилчно наредлива нота  кон лидерот на социјалдемократите, при што тој е оквалификуван како „инструмент на Црвенковски“!

netpress_com_mk_na-bihakjka-sredba-zaev-crvenkovskiЛинк до оригиналниот напис: Црвенковски се појави во СДСМ кај својот инструмент наречен Заев

Датум и време на објавување: 22.05.2014, 14:51

Датум на рецензирање: 24.05.2014

Рецензент: Оивера Војновска

 

КОНСТРУКЦИЈА

Веста почнува сосема коректно, се повикува на официјален извор и точно пренесува еден фрагмент од партиското соопштение за средбата Заев-Црвенковски .

„Заеднички беше заклучено дека на СДСМ и е потребно единство и внатрешна кохезија на сите загрижени за состојбите во Република Македонија“

Но, потоа, затскривајќи се зад „анонимни толкувања“ се прави  наменска конструкција дека  средбата, наводно, е потврда на информациите:

„дека Заев не може да излезе од сенката на Црвенковски и дека по Конгресот, првиот човек на СДСМ ќе продолжи да ги следи инструкциите на неговиот претходник за тоа како да се продолжи политичкото делување во иднина“.

Материјалот, пак, не нуди никакви аргументи за да се поткрепат ваквите наводи.

 

ДЕВАЛВИРАЊЕ

И покрај тоа што се работи за куса вест, сепак, таа не е целовита. Од соопштението на СДСМ е пренесена само една реченица. За волја на вистината, тоа и не е обемно. Меѓутоа, имајќи предвид дека во конкретниот случај веста треба да информира за средбата Заев-Црвенковски, можело да се пренесе барем уште  последната реченица од соопштението, односно дека двајцата заклучиле дека:

Нема непријатели внатре во СДСМ, постои едно зло што и нанесува штета на државата, а тоа се Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и сите сили треба да се насочат кон доброто на Република Македонија.

Како што впрочем, го сторија тоа повеќе медиуми.

Меѓутоа, очигледно, проценката била дека треба да се налепи коментаторскиот дел со дискредитирачките квалификации за Заев. Со што, пак, се покажува отворена наклонетост кон владејачката партија.

А, тоа се препознава уште со изборот на спинерскиот наслов со кој е озаглавена веста, а кој од една страна сугерира мислење дека Црвенковски ги влече конците во СДСМ, од друга прозвучува и девалвирачки:

„Црвенковски се појави во СДСМ кај својот инструмент наречен Заев“

Формално гледано, пак,  во првиот дел од насловот во јавноста се пласира и една невистинита информација. Имено, како што пренесоа дел од медиумите, повикувајќи се на официјални извори од опозицијата, Црвенковски не се појавил во седиштето на СДСМ, туку Заев „на негово барање, се сретнал со Црвенковски, во кабинетот кој му е доделен од државата како на поранешен претседател на Македонија“.

 

МАНИПУЛАТИВНА ПОРАКА

Фотографијата со која е илустрирана веста ја надополнува манипулативната порака што им се испраќа на читателите. Станува збор за стара фотографија на која се гледа како Црвенковски со двете раце ја држи десната рака на Заев, што алудира на тоа дека „го има в раце“!

Манирот во кој е напишан овој материјал од четири реченици, јасно покажува дека не била намерата објективно да се информира за средбата на актуелниот и на претходниот лидер на СДСМ, која доаѓа по критиките што Црвенковски  ги упати на адреса на актуелното раководтсво на само три дена пред Конгресот на социјалдемократите (што се одржа на 11 мај 2014 година). Туку, да се омаловажи Заев и да се претстави како личност која, наводно, работи според директивите на Црвенковски.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција