Рецензија: Црвенковски уловен со Нора Шакири

Црвенковски уловен со Нора ШакириВистина-crop-resize

Меѓу првите принципи во Кодексот на новинарите стои:

Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и имаат право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.

Така и во текстот е пренесена информација, но тоа дали е чесна, објективна и точна е под голем знак прашалник. Подоцна текстот доби и продолжение со што беше опфатено едно цело семејство на македонска водителка, а притоа воопшто не се внимавало на 16-от принцип на етички вредности од Кодексот на новинари кој вели:

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различноста на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

Црвенковски уловен со Нора ШакириВистина002-finalЛинк до оригиналниот напис: Црвенковски уловен со Нора Шакири

Датум и време на објавување: 11.06.2014, 11:08

Датум на рецензирање: 12.06.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ЕПТЕН ДИСКУТАБИЛНО

Многу дискутабилна е целата приказна. Има една фотографија на која се Бранко Црвенковски и Нора Шаќири со која се исплетени повеќе приказни од текстот кој го рецензираме и неговото продолжение.

Изворите на информација се наводно читатели кои ја доставиле фотографијата. И сѐ е наводно, затоа што никој досега ниту, пак, Нора нема изјавено ништо за фотографијата. А и зошто би. Зарем не е можно да се дружат јавни личности? Дали е забрането? И што би било тука спорно, освен на моментот на кој се сака да се алудира.

Покрај целата каша попара од текст не е испочитуван ниту следниов член од Кодексот на новинари:

7. Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес.
Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост;

 

ТЕКСТ СО НАМЕРА

Текстот има своја намера, која не е постигната затоа што пазарски приказни најверојатно слабо поминуваат кај ѓраѓаните. Иако, од една фотографија (подоцна и во продолжението од неколку) се изведуваат и политички контексти, од кој со кого е близок до разделбата на Андреј Жерновски со Зоран Заев.

Целиот текст е коментар. Нема факти, нема изјави, па дури нема изјава ниту од читателот кој наводно ја доставил фотографијата до редакцијата.

Текстот е објавен на еден портал, а подоцна е земен од повеќе. Значи, воопшто не е важно каде била првата вест, кога насекаде е истата и со наслов и со фотографија.

Насловот покажува на што треба читателот да обрне внимание. Нели, ако некој поранешен премиер „улови“ водителка тоа е скандал. И секако за таблоиден медиум. Но, кај нас се е измешано, што е таблоид, што е информативен портал, а богами и што е приватност. А што јавност.

Фотографијата е исто така дискутабилна. Не поради тоа дали е вистинита случката. Најверојатно е. Но, според тоа како изгледа Бранко Црвенковски. Низ социјалните мрежи наголемо се зборува дека тој на фотографијата е солидно фотошопиран. Па сега останува прашањето, ако е тоа така, дали за тоа треба да постојат некои санкции?

Четиво кое секако многу лесно допира до ушите и очите на читателот. Тие сакаат да слушаат и читаат за туѓите животи. Нели, како и секој човек. Но, тие би прочитале и малку поинаква содржина, на пример, од типот, како живеат граѓаните во најсиромашната земја во Европа, ама такви вести не им се сервираат. Сепак, јасно е дека во време-невреме кога не се сервираат вистинските приказни царуваат ваквите, нормално, за забава на милиони.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција