Рецензија: Убиецот на Лука “брка“ девојки во Будва?!

08262014-Kurir-Ubiecot-na-L-crop-resize

Читателите на Сервисот за проверка на фактите од медиумите се сѐ поактивни. Она што е посебно за истакнување е дека тие реагираат на разнолични грешки и непрофесионални постапки на новинарите, а не само на најатрактивните содржини.

Овој пат еден наш читател реагира на една вест од оние од регионот или од светот, кои нашите портали ги обработуваат на несоодветен начин и во насловницата создаваат илузија дека се работи за настани и личности од „наше маало“. Затоа, нашиот читател предлогот за рецензија го образложува на овој начин:

“….како сите ние со тој Лука да сме другари од маало, па мора да го знаеме по име. Толку се шашардисани во имитирањето на српските таблоиди што имаат изгубено осет дека на луѓето во Македонија воопшто не им значат ништо ни тие имиња, па ни тие презимиња.“

Овој феномен на неосновано локализирање на настаните и ликовите веќе одамна има земено голем замав и затоа велиме дека нашиот читател е во право и го прифативме неговиот предлог за рецензија.

08262014-Kurir-Ubiecot-na-LЛинк до оригиналниот напис: Убиецот на Лука “брка“ девојки во Будва?!

Датум и време на објавување: 26.08.2014, 09:50

Датум на рецензирање: 26.08.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Оваа медиумска содржина има проблеми и со вистинитоста зашто, освен што е „бланко“ преземена од друг медиум, кој рефлектира на една сосема друга медиумска средина и публика, се потпира на анонимен извор од крајно неидентификуван извор именуван само како – „безбедносни служби“, на кои, пак, информацијата им ја дојавила „една девојка од Белград“. Многу несериозно и од „безбедносни служби“ и од медиумот каде што е оригинално објавена оваа вест, како и од медиумот што ја презел оваа информација што ја рецензираме.

Фалинките во следењето на вистинитоста се гледаат и во недоследноста на медиумот кој еден ден пред оваа вест, дека некој си осомничен за убиство е виден во Будва, објави вест дека истиот тој е виден во централна Кина („Убиецот на Лука лоциран, на крај на светот“).

Вчера во Кина денеска во Будва… Тоа секако не е одговорно професионално новинарство.

Многу сериозен недостаток има фотографијата. Како е можно да биде објавена фотографија на осомничен убиец, без да има било какво објаснување од каде е, кој ја направил, дали на таа фотографија е навистина осомничениот, кој може да го потврди тоа…

Едноставно премногу грешки за една вест која е на многу, многу низок степен од јавен интерес за нашата медиумска средина.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција