Рецензија: ВИДЕО: Кабинетскиот елитист Пендаровски во наместен телефонски разговор?

pendarovski-na-telefon-0987-0909-crop-resize

Вакви текстови навистина понекогаш е и тешко да се рецензираат зашто последните денови се појавија на куп. Мора многу да се внимава за да не се навлезе во круг на повторување, затоа што понекогаш се случува и цели пасуси да се копи-пејстирани од други „слични“ текстови. Затоа е потребно „големо“ познавање на логиката на ваков тип текстови за да не се фатите во замката која ја нудат. Инаку, уште од насловот „ВИДЕО: Кабинетскиот елитист Пендаровски во наместен телефонски разговор?“ се гледа омаловажување на посочениот лик во приказната. Потоа, текстот нуди препознатлива шема на коментирање, а единствената вистина е дека имало телефонски разговор. Тоа, всушност, се гледа и од видеото постирано на социјалната мрежа Јутјуб.

Но, никаде не се наведува зошто тој разговор е наместен, како што се тврди во текстот:

Стево дај не зафркавај, се гледа од авион дека е наместено. Мислам дека збори со Дамјан Манчевски кој е во другата канцеларија, стои во еден од коментарите на социјалните мрежи.

pendarovski na telefonЛинк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Кабинетскиот елитист Пендаровски во наместен телефонски разговор?

Датум и време на објавување: 08.03.2014, 14:55 часот

Датум на рецензирање: 10.03.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

НЕМА НАМЕРА ДА Е ВИСТИНИТ

Текстот не се ни труди да биде вистинит. Дури немало ни таква намера, иако се прептоставува дека авторот и редакцијата ги знаат новинарските стандарди. Дури може да се заклучи и дека текстот сака да развие нервоза кај политичката партија која се опсервира.

Гледајќи го видеото од разговорот на Пендаровски, се добива впечаток дека претседателкиот кандидат на СДСМ добро ја совладал школата на Бранко Црвенковски и последниот кандидат за претседател од СДСМ, Љубомир Фрчкоски.

Значи, си го гледале и потоа се заклучило тоа што се заклучило. За факти, документи, зошто, како, не станува ниту збор.

Нема извори. Текст напишан за дневнополитичка пресметка со коментирачки моменти. Всушност, изворот би требало да биде видеото од Јутјуб, но не кореспондира со коментирањата во текстот и со идејата која се сакало да се пласира.

 

БЕЗ ТРОШКА ПОДАТОК

Целата содржајност му е позната само на авторот. Нема приказна, нема идеја, нема ништо.

Пендаровски во јавноста остави впечаток на кабинетски елитист и бирократ кој е во длабока сенка на активниот политичар, па сега ќе биде интересно како и дали тој ќе ја направи својата транзиција кон политичар.

Ако содржајност се претходниот и овој пасус, тогаш – ДА, текстот е содржаен.

Целиот текст е пристрасен. Се гледа политичката наклонестост и ставот да се омаловажи противникот. По секоја цена, без ниту тронка податок, е направен сплет на карактеристики на претседателскиот кандидат, секако во негативна смисла.

 

КАКО СЕ ЗАМИСЛУВА „АНАЛИЗА“

Од почетокот до крајот текстот е коментирање.

Познавачите сметаат дека Пендаровски ќе мора да вложи многу напор да ја симне ароганцијата и презирот кон обичниот граѓанин кои што зрачат од неговата партија, а тоа нема да му успее со ваквите, според некои, наместени телефонски разговори.

Коментирањето дури преминува и во анализа, се разбира, без ниту еден новинарски пристап за тоа да биде дури и вест во медиум, а не некој коментар или, не дај Боже, анализа.

Текстот е оргинал, се гледа дека е „скрчкан“ од медиумот. Насловот дезинформира, а во исто време и го омаловажува ликот од приказната. Снимката од Јутјуб потврдува дека имало таков настан, но не и дека е вистина тоа што е напишано.

Премногу гол текст, наивен во смисла на желбата да му се поверува. Се состои само од коментари и можел лесно да помине во некоја колумна со оглед на тоа што колумните во последно време личат на верблани гладијаторски арени.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција