Рецензија: Во градинките и училиштата се слави празник што нема врска со нас

FireShot-Screen-Capture-037-www_novamakedonija_com_mk_NewsDetal_asp_vest1-crop-resize

Рецензираме текст кој како да им наметнува на граѓаните мислење како да се ориентираат кон одредена ситуација, во овој случај „Ноќ на вештерките“, мобилизирајќи ги на забрана на една, на глобално ниво, општо прифатена забава – маскенбал. Таа е подигната на ниво на „општествено опасна манифестација“ која со декрет треба да се забрани, бидејќи го „труе чистото христијанско битие на македонските граѓани“. Притоа, се заборава дека во Македонија не живеат само христијани, дека и меѓу христијани има и католици, протестанти, муслимани… („Социолозите сметаат дека е опасно и штетно ако се дозволи да влезе празнувањето на овој ден во Македонија“).

FireShot Screen Capture #037 - 'Во градинките и во училиштата се слави празник што нема врска со нас - Нова Македонија' - www_novamakedonija_com_mk_NewsDetal_asp_vestЛинк до оригиналниот напис:
Во градинките и училиштата се слави празник што нема врска со нас

Датум и време на објавување: 01.11.2014

Датум на рецензирање: 06.11.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

ДАЛИ ТИКВАТА Е ШТЕТНА ?

Тиквите, наивните детски цртежи со тикви и децата облечени во маски како вештерки, текстот ги става во идеолошка матрица и преку изјави на соговорниците ги сатанизира и прогласува за штетни, без да образложи и дефинира по што се штетни – дали по здравјето? Како виновници за „штетата“ се таксативно набројани учители, воспитувачи, родители и директори. Меѓу редови се насетува прекор кој е упатен директно на нивната адреса за другпат тоа не се случи.

Може да се забележат истакнати цртежи со боени тикви, а деца парадираа во маски,облечени како вештерки, вампири… ова се случува со знаење на нивните учители, воспитувачи, родители и директори, иако овој ден нема апсолутно никаква врска со нашето општество, традиција и култура. Социолозите сметаат дека е опасно и штетно ако се дозволи да влезе празнувањето на овој ден во Македонија, бидејќи на овој ден се слават злото и неморалот

 

НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ВЕРОИСПОВЕД?

Не само што е опасно и штетно… но непоимливо ми е нашите државни градинки и училишта да го слават злото… Католичка црква знае за тој празник и го воведува како свој, во католицизмот се воведува како ноќта спроти денот на сите мртви. Според професорот, опасно е ако кај нас влезе славење на Ноќта на вештерките. Вели кога би зависело од него тој би го забранил.

Очигледно се заборава дека во Македонија живеат и католици, па наметнување ваков став за забрана директно е нарушување на правото на вероисповед.

Според Уставот, Македонија е секуларна држава, а училиштата, изземајќи ги верските, се одвоени од црквата. Со пренагласени изјави на верските службеници, кои ја наметнуваат забраната за овој вид забава, директно се нарушува секуларноста на државата и црквата се меша во слободните активности на училиштата. И, уште полошо, се сатанизира празник на друга религија во мултиконфесионална држава што може да има негативни последици:

Ни еден христијанин не го празнува овој ден, ова не треба да се обележува, тоа е исто како христијаните да го слават Бајрам на пример. Конкретно јас сум им кажал на наставниците на моите деца да не ги вклучуваат во такво нешто бидејќи тие доаѓаат од христијанско семејство

Ако „овој ден нема апсолутно никаква врска со нашето општество, традицијата и културата… и би требало да се забрани“, што правиме со Дедо Мраз, кој од рекламен јунак на „Кока Кола“, стана глобален феномен прифатен и кај нас, а истото важи и за Валентин, денот на вљубените и на кадифените мечиња, кој е донекаде прифатен и кај нас. И тој треба да се отфрли како непожелен, штетен, и дел на „светскиот заговор против нас“? Па и Бадник не бил христијански празник и нема врска со Божик, туку е пагански обичај поврзан со намалување на соларното зрачење. Палењето дабово гранче е за да се победи темнината и студот. Вистината е и дека Божик воопшто не претставува ден на Христовото раѓање, па колку многу и да ни значи, туку потеклото му е паганско-вавилонско. Сепак, каква врска има тоа?

 

РАЗЛИКАТА Е САМО ВО ИКОНОГРАФИЈАТА

Во суштина, ништо не е спорно и чуму ваква паника поради тиквите и маските. Кај древните Келти, тоа бил почеток на новогодишните празници. И покрај прифаќањето на христијанството, мисионерите не успеале да искоренат некои пагански обичаи, па црквата во 7 век пронашла решение –  1 ноември е прогласен за празник на Сите свети, а од 11-иот век и 2 ноември е прогласен за Задушница или Денот на мртвите кога се сеќаваме на сите покојници. Различна е само иконографијата: дали ќе бидат тикви или листови и гранки од орев.

Наместо да се следат општите принципи на однесување и да се промовира демократија, цивилно општество, човекови права и слободи и достоинство, овде, со евтин и безсодржаен производ, имаме обид на граѓаните да им се наметне она што некој сака да им го наметне и да ги претвори во клонирани поединци кои беспоговорно ќе го следат својот алхемичар.

Нарушен е член 7, член 10 и член 11 од Кодексот на новинарите на Македонија.

Член 7.

Новинарот ќе ја почитува приватноста.

 

Член 10.

Новинарот нема свесно да создава, ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права и слободи, нема да поттикнува на верска дискриминација…

 

Член 11.

Новинарот ќе се придржува на општоприфатените стандарди… на почитување етничките, културните, и религиозните разлики во Македонија.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција