Рецензија: Врие во СДСМ, “солирањето“ на Заев и Шеќеринска внесува нервоза во партиската база

FireShot-Screen-Capture-040-ALFA-TV-www_alfa_mk_News_aspx_ID85392_VG5WOsl_R6Z-crop-resize

Во нормалните и демокртаски држави, Владата треба да владее во полза на граѓаните, а на опозицијата, без оглед дали таа е парламентарна или вонпарламентарна, да ѝ дозволи да ја контролира. Во прилогот кој го рецензираме, јасно се гледа намерата да се наметне контрола над опозицијата и преку рекла-кажала, без аргументи, да се прикаже кошмар кој таму владее, со една единствена цел – да се покаже дека во македонското општество, всушност, опозицијата е штетна и вишок.

„Не ја отфрлаат можноста Заев да ги темпира бомбите со тајмингот на одржување на Советот на министритте на ЕУ кога највероватно уште еднаш ќе биде одбиена препораката на ЕК за преговорите со Македонија.“

FireShot Screen Capture #040 - 'ALFA TV' - www_alfa_mk_News_aspx_ID=85392#_VG5WOsl_R6ZЛинк до оригиналниот напис: Врие во СДСМ, „солирање“ на Заев и Шекеринска внесува нервоза во партиска база

Датум и време на објавување: 20.11.2014, 19:27

Датум на рецензирање: 22.11.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

ПОБРКАНИ ЛОНЧИЊА

Прилогот заговара таков вид демократија, во која опозицијата ќе ѝ полага сметки на владејачката партија, наместо да биде спротивно.

Тоа е упорна и систематска стратегија граѓаните да се убедат во исправноста на владините политики, кои, меѓу другото, подразбираат дека опозицијата е должна редовно да ѝ дава отчет на владејачката партија за своите политики и за својата стратегија со која се бори да ја освои власта.

„Трет ден молк во СДСМ по повикот од ВМРО-ДПМНЕ раководството на социјалдемократите да ги објават долгонајавуваните таканаречени „политички бомби“ кои би требало да ја разнишат позицијата на власта. Опозицијата се уште тактизира со терминот на објавување.“

Под превезот дека лидерот на владејачката партија, наводно, „нема да се меша“ во работите на опозицијата, всушност, се гледа неговата нескриена намера да врши прозивка и бара отчет од опозиционерите.

„Премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски вели дека владеачката партија нема намера да се меша во стратегијата на опизицијата,…„ Но, сепак, вели: „околу тоа што го најавија, ние побаравме од нив да го објават. Сега кажаа дека имале стратегија и чекаме да ја видиме. Не сакаме да им се мешаме во таа стратегија…“

 

КОШМАР ОД РЕКЛА-КАЖАЛА

Со прикажување „кошмар“ во опозицијата преку цитирање „свои извори“, само со рекла-кажала, единствената цел е, и онака мал простор за почитување на фер-плеј во политиката, да се стесни и да се оневозможи формирање на каков било опозициски фронт.

„Извори во најголемата опозициска партија за Алфа велат дека парламентарците чекаат на потегот на лидерот и неговата заменичка. Сметаат дека доколку Заев наскоро неги објави бомбите ќе станат беспредметни сите изјави дека СДСМ има некаква стратегија.“ Наводно душегрижништво за опозициските пратеници од страна на власт е прижелкување тие да ги сменат своите ставови и да се вратат во парламентот. Притоа, повторно со повикување на „свои извори“ се манипулира со граѓаните да поверуваат во веродостојност на наводите. „Партиски извори брифираат дека од последната средба на Заев со лидерите на НСДП и ЛДП Петковски и Жерновски Заев и Шекеринска немале средба со пратениците. Никој неги контактирал ниту ги консултирал за следните потези. Одлуките според нив се носат во тесен круг од неколкумина луѓе од раководството.“

 

ВО СТРАВОТ, ГОЛЕМИ СЕ ОЧИТЕ

Повикувајќи се упорно на „свои извори“, се манипулира со наводната обесхрабреност на опозицијата да остане цврста на утврдените ставови, зад што, всушност, е нескриениот страв дека опозицијата нема да ја смени својата цврста одлука. „Истите извори за Алфа велат дека Заев е свесен дека барањето за техничка влада нема да помине кај Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и дека треба да седне да преговара за останатите четири услви за враќање во Собранието“.
И, како шлагворт, доаѓа, непоткрепен со никаков извор или истражување, заклучокот дека поради сите тие погрешни политики, рејтингот на опозицијата е „под нула“ со што политичката клима е во полза на владејачката партија.

„Велат дека Заев и Шекеринска треба да бидат загрижени за моменталниот рејтинг на партијата кој подолго време е понизок од оној на ДУИ. Доколку нешто не се смени довербата на граѓаните во СДСМ и натаму ќе опаѓа, велат од партијата.“

Информирањето на граѓаните преку „свои извори“ не може да се смета за вистинито, па колку и да е упорно.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција