Рецензија: Заев и Шекеринска во мртва трка-кој претседател на СДСМ доживеал најтежок пораз?

Заев-и-Шекеринска-во-мртва-трка-кој-претседател-на-СДСМ-доживеал-најтежок-пораз-kurir-crop-resize

Рецензираме провиден, циничен, некоректен и одмазднички текст кој наликува на извештај од фудбалски натпревар  во кој се редат поразите на тимот кој треба да испадне од лигата. Конципиран без потпис на авторот  и без содржина која би можела да се нарече креативен и коректен новинарски производ.

FireShot Screen Capture #137 - 'Заев и Шекеринска во мртва трка- кој претседател на СДСМ доживеал најтежок пораз_' - kurirЛинк до оригиналниот напис: Заев и Шекеринска во мртва трка-кој претседател на СДСМ доживеал најтежок пораз?

Датум и време на објавување: 28.04.2014, 10:03

Датум на рецензирање: 28.04.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

ФУДБАЛСКИ ЖАРГОН

Единствената намера е со фубалски жаргон, непримерен  за политички текст, да се стави во негативна конотација и да се исмее опозцијата и нејзините први луѓе, претседателот Зоран Заев и потпретседателката Радмила Шекеринска: „Мртва трка меѓу заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска и лидерот на партијата Зоран Заев за не многу ласкава титула, кој претседател на СДСМ доживеал најтежок пораз од ВМРО-ДПМНЕ“.

Од самиот наслов, кој е предолг и некреативен за текст од десет реда, видлива е намерата да се навреди и на крајно циничен, одмазднички и  непрофесионален начин да се дискредитира опозициската политичка партија и нејзиниот претседател и потпредседател.

 

„ПАТУВАЊЕ ВО ВРЕМЕПЛОВ“

Текстот се повикува на последните информации од Државната изборна комисија за бројот на гласовите што ги доби владеачката партија и ги компарира со претходните избори за со бројќи и зајадливи коментари да ги илустрира поразите на опозицијата во неколку претходни избори. „Овој пораз на опозицијата предводена од Зоран Заев, секако ќе остане запаметен како еден од најубедливите на македонската политичка сцена. Во споредба со последните парламентарни избори одржани 2011 година кога лиодер на партијата беше Бранко Црвенковски“.

За да ја дискредитира и личноста на заменичката на претседател на СДСМ Радмила Шекеринска, написот се враќа назад во времето и со статистика, за која не наведува извор, објаснува: „Сепак овој катастрофален резултат на Заев не е најлош на еден лидер на СДСМ… Радмила Шекеринска  која беше лидер на партијата 2008 година загуби со разлика  248 илјади гласови во битка со Никола Груевски“. И веднаш ја потенцира „гол разликата“ во полза на владеачката парстија …„ВМРО-ДПМНЕ тогаш освои  481.501 гласа, додека СДСМ 233.284“

Ова е провиден спин со нагласена навивачка нота кон владеачката партија.

 

НЕМА ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРАВИЛА

Прекршени се две важни одредби на Кодексот на новинарите на Македонија кои се однесуваат на известување од политичките процеси, посебно од избори.

Член 14

Известување од политички процеси, посебно од избори  треба да биде  непристрасно и избалансирно. Новинарот мора да обезбеди  професионална дистанца од политичките субјекти.

 

Член 15

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката.

 

Меѓународната федерација на новинарите во делот за етичкото новинарство посебно инсиситра на  избегнување на пристрасноста и демонизација на политички актери за време на избори и вели:

„Треба да се избегнува говор на омраза, дискриминација по политичка основа и посебно демонизација на политички актери“.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција