Рецензија: Заев објави нови прислушувани разговори

Заев-објави-нови-прислушувани-разговори-М_-http___playmrt_com_mk_play_53078-crop-resize

 

Станува збор за целосно непрофесионален материјал кој има цел да ја релативизира мегааферата со прислушувањето, за која опозицијата го впери прстот во премиерот и во неговиот братучед  – директорот на УБК. Овој прилог (димензиониран на помалку од една минута) ги прикрива суштинските иформации кои беа искажани на прес-конференцијата на лидерот на СДСМ (15 февруари 2015 година), на која беа објавени нови снимки од прислушувани разговори, уште поскандалозни од оние со кои опозицијата го обелодени случајот (9 февруари 2015 година).

Заев објави нови прислушувани разговори - М_ - http___play.mrt.com.mk_play_53078_

Линк до оригиналниот напис: Заев објави нови прислушувани разговори

Датум и време на објавување: 15.02.2015, 17:25

Датум на рецензирање: 16.02.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

ЦЕНЗУРИРАНО

На гледачите им е понудена една техничка, површна и необјективна информација, во која се скриени главните поенти на прес-конференцијата на лидерот на опозицијата. Згора на тоа, во прилогот од цели 53 секунди е пласирана неточна информација дека во новите прислушувани разговори не се говорело „експлицитно за пресуди и кадровски решенија“.

Иако, тоа е демантирано и единственото тонско парче од 22 секунди од настапот на Заев, прикажано во овој скуден материјал:

„Следната снимка што ќе ја слушнета е нарачка на директорот на Управата за контраразизнавање Сашо Мијалков кај тогашниот вицепремиер за Рамковен договор, Муса Џафери за местење прв човек на Врховен суд станува збор за поставување претседател  на Врховниот суд на Македонија“ (од 0,14 до 0,36)

Во интерес на вистината треба да се напомене дека Заев во изјавата прецизно кажува:

„Ќе се уверите лично во директната спрега на релација власт – правосудство. Ќе слушнете како Груевски и Мијалков, со неколкумина свои соработници, заедно со функционери од коалицискиот партнер ДУИ:

– Местеле судски и обвинителски одлуки

– Местеле избори и разрешување на судии

– Местеле претседатели на судови

– Местеле унапредувања на судии, послушни кон власта“

А, потоа на прес-конференцијата во седиштето на СДСМ,  беа презентирани пет тонски записи како своевидно сведоштво за тоа како се договарале постапки во обвинителството, судски одлуки и унапредување на судии.

На трите снимки се слуша гласот на министерката за внатрешни работи во разговори со министерот за финансии, поранешниот министер за правда од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и со градоначалникот на Прилеп. На другите два аудиозаписи, како што рече лидерот на СДСМ,  може да се слушне  како  „директорот на УБК нарачува избор на претседател на Врховниот суд“, но и  линкот и нарачките на пресуди што ги правел лично Драган Павловиќ Латас“.

Овие аудиоснимки, чија автентичност  досега (17 февруари 2015 година) никој не ја оспори, прилично јасно укажуваат какви димензии има скандалот. Па, веројатно, затоа и се цензурирани во прилогот што го рецензираме, кој е скаран со принципите на етички исправното новинарство.

За одбележување е и тоа што државната телевизија го објави „извештајот“ од прес-конференцијата на опозицијата како петти-шести прилог во ТВ-дневникот. А, просто несфатливо е како не се видени експлицитни говори за пресуди или кадровски решенија“! Тоа изгледа дури смешно, како лицето што го правело овој прилог да не било на истата прес-конференција за која известија медиумите.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција