Рецензија: Заев сам се матираше, сега бара виновници

Zaev-vo-sud-crop-resize

Ова е текст кој сака да инструира приказна за наводна кавга во СДСМ или помеѓу адвокатскиот тим и лидерот на партијата за „лошо водена одбрана“. Притоа, посочени се „според нашите извори“ без никаква поблиско определување дали се од структурата на партијата или, пак, од адвокатскиот тим. Затоа, тешко може да му се верува на „збор“ на овој текст. Згора на сѐ, подоцна текстот шири невистини, затскривајќи се зад „познавачите“. Поради тоа е и неиздржан и недокажлив, па затоа и денеска е на рецензија.

Zaev vo sudЛинк до оригиналниот напис: Заев сам се матираше, сега бара виновници

Датум и време на објавување: 03.09.2014, 10:47

Датум на рецензирање: 05.09.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ДЕМАНТИРАНИ ГЛАСИНИ

По сѐ поизвесниoт епилог од судкиот процес каде Заев е тужен за клевета и навреда, првиот човек на опозицијата, според нашите извори започнал да ги бара виновниците меѓу колегите од раководството, ПР тимот и адвокатскиот тим. Причина за ова е аматерскиот обид на водење на политичка хајка за која се покажа дека е незаснована на вредни докази и аргументи, туку на измислени работи и невистини, што всушност се потврди со сведочењето на главниот сведок на СДСМ, Јовица Стефановиќ-Нини.

Ова го тврди текстот како главна теза. Но, Зоран Заев иако ги демантираше овие гласини, истиот ден кога е објавен и текстот, сепак е одлучено ваков напис да се појави во јавноста. Во своето обраќање преку социјалната мрежа Фејсбук, Заев им се заблагодарува на сите што учествувале во неговата одбрана, па затоа спорен е моментот од текстот дека започнал да ги бара виновниците меѓу колегите од раководството, ПР тимот и адвокатскиот тим:

Благодарам за поддршката. Можеби јас денеска изгубив во прва судска инстанца, но ќе победам во конечна судска постапка. Правдата мора да победи и ќе победи. Најважно е што на среден рок добива Македонија затоа што со овој судски процес и со оваа пресуда уште еднаш се потврди контролата од страна на власта врз судството. Овој процес и оваа пресуда силно ќе придонесат да му дојде крајот на апсурдното секојдневие кое го живее нашиот народ. Борбата за слобода и демократија продолжува.

Според текстот:

Лидерот на СДСМ посебно бил револтиран од барањето на СДСМ Газда Нини да биде сведок, чекор кој се покажа како погубен за Заев и беше причина дури и опозицискиот „Слободен печат“ да излезе со наслов „Газда Нини го “закла“ Заев“. По замерките на Заев на сметка на адвокатскиот тим за пропустот со сведочењето на Стефановиќ, еден од адвокатите, според нашите извори, забележал дека тие не можеле да знаат каков ќе биде исказотна Нини, дијаметрално спротивен од тврдењата со кои биле убедувани адвокатите, а се покажаа како целосно неточни со сведочењето на Нини.

Сепак, вистината е дека судијката одобри да се повика Нини како сведок во процесот откако претходно адвокатите расправаа дали е во ред тој да сведочи, бидејќи судот го одби барањето на одбраната како сведок да биде повикан и Ден Дончев и не ја прифати како материјален доказ аудио снимката на која СДСМ тврди дека е снимено како се договара нелегална продалжба на „Македонска банка“.

Поради тоа, а и според Мирослав Вуиќ, адвокат на Заев, доколку пред судот излезеше како сведок Ден Дончев, тогаш евентуално ќе можеше Јовица Стефановски Нини да спори со него.

Тоа, исто така, го потенцираше на својот Фејсбук профил и Зоран Заев и тоа еден ден пред да се објави овој текст:

Аудио снимката како крунски доказ не е прифатена и Ден Дончев, кој лично ја достави аудио снимката и материјалните докази, лично кај мене на рака, не е повикан да сведочи, иако е генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во тоа време.

 

ЌОР ФИШЕК

Како може тогаш Заев да се лути на адвокатскиот тим и тоа да се пласира како теза кога тој еден ден пред текстот ги негира тие информации и гласини. Но, сепак написот излегува, притоа без да ги даде и изјавите на Заев, барем да се испочитува елементарното новинарско правило за втората страна.

Понатаму, во текстот има тези од експерти кои тврдат:

Заев тука се покажа како очајник, како човек кој од фиока вади некои нешта кои што треба да го сменат мислењето на граѓаните и беше сосема јасно дека тоа беше еден ќор фишеk кој на крајот ќе им прсне во лице на оние кои го иницирале и тоа се случува.

Сето ова нема врска со вистината затоа што јавно и гласно и пред судијката Заев изјави дека снимката му ја дал Ден Дончев, кој во тоа време беше генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа е очајно да се тврди дека од фиока се вадат некои нешта кога јасно се знае од каде се извадени и кој ги дал.

Ова е уште еден текст од хајката против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во време кога се води судски процес против него. И во немање на друга одбрана за слабостите на судскиот процес, одредени медиуми вадат небулозни теми со шпекулации, само за да се сврти вниманието од реалноста. Секојдневно се пласираат вакви и слични текстови кои немаат никакви допирни точки со новинарството. За волја на вистината тие и немаат намера да бидат издржани новинарски прозводи, туку имаат друга цел. А, таа цел дали ќе ја исполнат зависи од читателите и од нивната верба во одредени медиуми.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција