Рецензија: Зошто продолжува да се крие веста за апсењето на синот на Вељановски од македонските медиуми?!

Оваа вест буди интерес зашто во Грција е уапсен синот на претседателот на Македонскиот Парламент, Трајко Вељановски. Според оваа вест, тој е уапсен за поседување на наркотични средства и едно ладно оружје. Фокусирањето на ова вест на, како што се вели, криењето што се случило од македонските медиуми, ја прави интересна за анализа. Оваа вест изгледа како спин, бидејќи претпоставува дека информациите биле прикривани.

Рецензија: Зошто продолжува да се крие веста за апсењето на синот на Вељановски од македонските медиуми?!Линк до оригиналниот напис: Зошто продолжува да се крие веста за апсењето на синот на Вељановски од македонските медиуми?!

Датум и време на објавување: 21.05.2013, 13:29

Датум на рецензирање: 22.05.2013

Рецензент: Бардил Заими

Вистинитост: Во написот не е не е прецизирано од кој медиум се преземени информациите, туку само се парафразира извештајот за којшто не се знае во кој грчки медиум е објавен.

Извори на информации: Во текстот се вели дека веста е преземена од грчките медиуми, но не се наведува точниот извор. Тој останува неодреден и неофицијален и не е јасно дали е нерелевантен или не.

Содржајност: Нема други извори опфатени во текстот: изјава од МВР, од уапсениот или од некој македонски медиум, бидејќи се вели дека тие ја скриле веста.

Пристрасност: За веста може да се каже дека е донекаде политички пристрасна, зашто се истакнува фактот дека е скриена од страна на македонските медиуми, но за тоа не се наведени аргументи. Со ова како да се наведува дека тие може да бидат политички контролирани.

Оригиналност/Плагијат: Веста содржи делумни информации кои што не можат да се проверат. Не е наведен ниту еден извор.

Фотографија: Има стандардна илустрација со сликата на лицето на кое што е фокусиран текстот. Нема слики од апсењето, или некоја друга слика од синот на Вељановски што би се надоврзала со овој настан.

Говор на омраза: Не може да се рече дека написот дискриминира, но на некој начин има предрасуди од политички аспект. Во него се употребува вообичаениот начин за создавање сензационалистичка вест и е насочен кон тоа да не носи вест во вистинска смисла на зборот, а може и да се каже дека прејудицира нешта кои не се разјаснети. Ова прејудицирање личи како да има политичка позадина.

Заклучок: Оваа вест има неколку професионални недостатоци од квалитативен аспект. Во веста не се цитираат точни извори, а истовремено таа личи и како да е политички ориентирана. Уште во самиот наслов веста прејудицира, а во нејзината содржина не се објаснува ништо од тоа што се навестува во насловот. Сето ова веста ја прави повеќе сензационалистичка, необработена до крај.

Би требало да се наведе изворот од кој веста е преземена, да се прошири со други извори на информации и да не се прејудицира во насловот дека македонските медиуми ја кријат веста, бидејќи овој пристап отвора други дилеми во самиот текст, на кои не им е даден новинарски одговор.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција