Дојран не го доби ветениот рибен пазар

Рибниот пазар во Дојран приоритет на хартија Фото: Принтскрин

Проект: Поддршка за изградба на „Рибен пазар“.

Општината Дојран ќе се залага за изградба на рибен пазар на потегот помеѓу Стар и Нов Дојран, на брегот, во непосредна близина на пунктот за излез на рибарите од езерото. Со изградбата на рибниот пазар на организиран начин ќе се врши откупот и продажбата на свежа риба, во соодветни хигиенско-технички услови. На овој начин ќе се овозможи туристите да можат да купат дојранска свежа риба (крап, црвеноперка, костреж и др.) и дополнително да се популаризира Дојран. (Рок 2013 – 2015 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот Поддршка за изградба на рибен пазар”, e најавен во Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Дојран (во делот Локален економски развој, страна 19), за локалните избори во 2013 година, чиј кандидат и сегашен градоначалник  е Борче Стамов. Проектот за изградба на рибен пазар е вклучен во листата на приоритетни проекти во рамки на програмата, со рок на реализација 2013- 2015 година. Досега (30.06.2016), ова ветување  не е исполнето.

Електронското пребарување не дава резултати дека се спроведени активности за изградба на рибен пазар во Дојран. На веб – страницате на Општина Дојран, исто така, нема достапни информации дека овој проект е започнат. Проверивме и дали електронскиот систем за јавни набавки во рамки на Бирото за јавни набавки има објавено огласи за подготовка на проект, или пак, за избор на изведувач за изградба на рибен пазар во Дојран, но ниту таму нема достапни информации. Се јавивме во Туристичкиот информативен центар во Општина Дојран да се информираме дали во Дојран има рибен пазар каде туристите би можеле да купат свежа риба како што е наведено во ветувањето. Добивме одговор дека во Дојран нема рибен пазар.

Имајќи го предвид сето ова може да се заклучи дека ветувањето: Поддршка за изградба на рибен пазар”, е неисполнето.

ЛИНКОВИ:

 

Оценето од: Mилена Јосифовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција