Роберт Бешовски
Роберт Бешовски e градоначалник на Oпштина Градско
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Роберт Бешовски е роден на 22 јули 1970 година во Велес. Оженет е и татко на две деца.
ОБРАЗОВАНИЕ
Во 1995 година дипломирал на УКИМ – Филозофски факултет група одбрана и заштита.
КАРИЕРА
Од 1996 година до 2000 година е член на Советот на Општина Градско.
Од 2000 до 2017 година е вработен во Општина Градско како советник – комунален инспектор.
На локалните избори одржани на 15 октомври 2017 година е избран за градоначалник на Градско.
ИЗВОР:
Веб-страница на Општина Градско: Градоначалник
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар