Робин Кук не рекол дека „Ал Каеда не постои“

Фото:Робин Кук, поранешен државен секретар за надворешни работи во Велика Британија. Википедија, 2000 г. Министерство за надворешни работи на Велика Британија

Цитатот прикажан во објавата е напишан од поранешниот француски разузнавач Пјер Анри Бинел во текст објавен меѓу април и јуни 2004 година и насловен „Ал Каеда – датабаза“.  Кук не тврдел дека Ал Каеда не постои, туку многу јасно тврдел дека постои и ја нарекол „организацијата на Осама бин Ладен“. Исто така тој не починал 1 недела после оваа објава или цитат од Бинел. Робин Кук почина на 6 август 2005 година, повеќе од една година после текстот објавен од Пјер Анри Бинел

 

Цитатот прикажан во објавата е напишан од поранешниот француски разузнавач Пјер Анри Бинел во текст објавен меѓу април и јуни 2004 година. Кук не тврдел дека Ал Каеда не постои, туку многу јасно тврдел дека постои и ја нарекол „организацијата на Осама бин Ладен“. Исто така, тој не починал 1 недела после оваа објава или цитат од Бинел. Робин Кук почина на 6 август 2005 година, повеќе од една година после текстот објавен од Пјер Анри Бинел

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува наводен цитат на Робин Кук, британски политичар, поранешен надворешен секретар во Обединетото Кралство.

Најдобриот извор е кога од центарот на злото ќе ти пристигне информација од нивни човек, кај кого највероватно проработила совеста.
Не постои Ал Каеда! Вистината е дека не постои исламска војска или терористичка група Ал Каеда. Секој информиран разузнавач го знае ова. Но тука е пропагандата за да ја натера јавноста да верува во постоење на идентификуван ентитет кој го претставува ѓаволот само во насока ТВ гледачите да го прифатат обединетото интернационално водство за борба против тероризмот. Земјата која стои позади оваа пропаганда е САД – Бивш британски секретар за надворешни работи Робин Кук, кој починува додека ги искачува Шкотските висорамнини, една недела откако ова го изјавува.
Следете ги најновите вести од Новиот постзападен мултиполарен свет.

Цитатот кој се споделува во објавата не е на Робин Кук.  

Изјавата му е лажно атрибуирана на Кук и на тоа е додадена теорија на заговор дека неговата смрт која настапила од срцев удар за време на искачување на планина – се случила поради тоа што кажал дека Ал Каеда не постои.

Цитатот прикажан во објавата што ја рецензираме е напишан од страна на поранешниот француски разузнавач Пиер Анри Бинел во текст од 2004 година (објавен меѓу април и јуни 2004 година)  насловен „Ал Каеда – датабаза“.

Робин Кук, освен што не го кажал наведеното во објавата, исто така нема починато 1 недела после оваа објава или цитат споделени од Бинел. Робин Кук почина на 6 август 2005 година. Тоа е повеќе од една година после текстот објавен од Пиер Анри Бинел.

Според официјалните податоци, Кук бил надворешен секретар од 2 мај 1997 до 8 јуни 2001 година. Нападите врз кулите близначки се случија на 11 септември 2001 година. Дополнително, Робин Кук јасно има изјавено дека Ал Каеда е организација на Осама бин Ладен. Еден месец пред неговата смрт, денот после бомбите во Лондон од 7 јули 2005 година, (фрлени од терористи инспирирани од Ал Каеда), тој напиша текст во Гардијан. 

Во него тој го изнесе своето сфаќање за тоа што претставува Ал Каеда со оглед на значењето на името на арапски – „База“:

 

Бин Ладен беше производ на монументална погрешна калкулација на западните безбедносни агенции. Низ осумдесеттите, тој беше вооружен од страна на ЦИА и финансиран од Саудијците за да спроведе џихад против руската окупација на Авганистан. Ал Каеда, што значи „база“ оригинално беше компјутерскиот фајл на илјадници муџахедини кои беа регрутирани и тренирани со помош на ЦИА за да ги победат Русите. Незамисливо и со разорни последици, никогаш не му се причини на Вашингтон, дека во моментот кога Русија ќе биде надвор од патот, организацијата на Осама бин Ладен ќе ги пренасочи своите намери кон западот.

 

Така што, во 2005 година, Кук не тврдел дека Ал Каеда не постои, туку многу јасно тврдел дека постои и ја нарекол „организацијата на Осама бин Ладен“.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција