Роботите-комарци не се користат за тајно вбризгување отрови, тоа е минијатурен дрон за извидување
Фотографијата прикажува реален кинески напреден изум на микродрон за набљудување, но тој нема никаква врска со медицински или биолошки напади. Тврдењето дека уредот вбризгува течност е целосно измислено со цел да се сее паника и параноја кај населението за време на сезонски здравствени кризи
Фотографијата прикажува реален кинески напреден изум на микродрон за набљудување, но тој нема никаква врска со медицински или биолошки напади. Тврдењето дека уредот вбризгува течност е целосно измислено со цел да се сее паника и параноја кај населението за време на сезонски здравствени кризи
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
Пак виее прскајте си против комарци . Ама против вакви нема препарат . До 1млг течност со едно полнење вбризгувале
Објавата споделува и фотографија која прикажува „дрон-комарец“ за кој објавата тврди дека се користи за вбризгување течности или отрови врз населението. Нашата проверка покажа дека тоа е целосна невистина и дека таквото тврдење претставува класична манипулација со визуелна содржина и дезинформација на социјалните мрежи.
Фотографијата е вистинска, но текстот што ја придружува е комплетно измислен. Станува збор за реален научен прототип на микродрон наменет исклучиво за тајно набљудување и аудио/видео извидување, без никаква техничка способност или намена за носење и вбризгување течности.
Фотографијата ја прикажува најновата иновација на кинеските научници од Националниот универзитет за одбранбена технологија на Кина, кои во јуни 2026 година презентираа минијатурен биомиметички дрон со големина на комарец. Како што пренесуваат и македонските медиуми како bulevar.mk и УТРО.мк, уредот е конструиран да го имитира изгледот и движењето на вистински инсект за потребите на военото разузнавање, односно за дискретно прибирање податоци и аудио-визуелен надзор во затворени простории.
Тврдењето дека овој микроскопски робот „вбризгувал до 1 милиграм течност“ е технички апсурд поради неговите микродимензии и тежина:
Телото на овој уред е долго околу 2 сантиметра, а целата негова електроника тежи неверојатни 0,3 грама. За еден ваков микро-робот да „вбризга“ течност, тој би морал да поседува резервоар, пумпа под притисок, игла и дополнителна енергија за процесот. При тежина од 0,3 грама, уредот одвај носи сопствена микро-батерија. Според инженерските тимови, поради екстремно малата големина, неговата батерија има капацитет да издржи многу кратко време во воздух, а секое дополнително оптоварување со течност би го оневозможило неговото полетување.
Овој лажен пост во стил на теорија на заговор има за цел да ја искористи паниката на граѓаните поради актуелната епидемија на западнонилска треска, која природно ја пренесуваат обичните домашни комарци. Преку пласирање тези дека „нема препарат против ваквите“, се шири страв и се поттикнува револт против редовните дезинсекции (прскања против комарци) кои ги спроведуваат општините со цел да го сузбијат ширењето на вирусот.
Фотографијата прикажува реален кинески напреден изум на микродрон за набљудување, но тој нема никаква врска со медицински или биолошки напади. Тврдењето дека уредот вбризгува течност е целосно измислено со цел да се сее паника и параноја кај населението за време на сезонски здравствени кризи.
Поради сето ова, објавата што ја анализираме, ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар