Роботско куче кое исфрла пламен се користи за спречување, а не за намерно предизвикување пожари

Фото: Принтскрин видео ФБ пост

Роботско куче кое фрла пламен навистина постои, се вика „Термонатор“ и се продава по цена од над девет илјади долари. Употребата на алатки од овој тип е спречување на пожари, а не намерно предизвикување пожари кои се припишуваат на климатските промени, како што тоа го прави објавата што ја анализираме

 

 

Роботско куче кое фрла пламен навистина постои, се вика „Термонатор“ и се продава по цена од над девет илјади долари. Употребата на алатки од овој тип е спречување на пожари, а не намерно предизвикување пожари кои се припишуваат на климатските промени, како што тоа го прави објавата што ја анализираме

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која шири погрешни тврдења во врска со климатските промени. Објавата споделува видео на кое се гледа робот-куче како исфрла пламени јазици и за истото коментира:

Еден од начините за промена на климата, нели?…

Робот-кучето кое фрла пламен, кое се продава за нешто повеќе од девет илјади долари во САД, се вика „Термонатор“.

Овој робот е легален во 48 од 50 држави во странство и тој во никој случај не е создаден за палење шуми и предизвикување пожари кои се припишуваат на климатските промени, како што тврди објавата. Очигледно, има можности за недозволена употреба на ваква алатка, но сепак, ова роботско куче кое фрла пламен сигурно не служи за генерирање на пожари, пишува сајтот за проверка на фактите Опен онлајн.

„Термонатор“ роботот куче кое го продава американската компанија Throwflame, гарантира еден час автономија и можност да се дојде до места што се тешки за луѓето, на сличен начин како и пламенофрлачот за беспилотни летала од истата компанија.

Очигледно, штом некој го поседува, можностите за опасни или недозволени употреби се многу, но секако целта на кучето што фрла пламен не е „да ги запали шумите преку инсценирање на климатските промени“, пишува Опен онлајн.

Најчеста употреба на инструменти од овој тип е техниката backfire. Ова е метод што го користат пожарникарите за да ги запрат пожарите, превентивно да палат делови од шумата за да го контролираат ширењето на пламенот.

Контролирано горење, познато и како пропишано горење, вклучува подметнување планирани пожари за да се одржи здравјето на шумата. Овие горења се закажуваат во време кога пожарот нема да претставува закана за јавноста или оние кои го спроведуваат.

Но, освен за тоа се користи и како превенција од ширење на веќе постоечки пожари, односно станува збор за периметарот што го создаваат пожарникарите околу огнот за тој да не се прошири.

За разлика од пожар во куќа, кој за да се изгасне се употребува истурање на илјадници литри вода, за борба со шумски пожар не постои начин да се нанесе доволно вода за целосно да се изгасне, па затоа се распоредува работна сила, а многу често и се создава контролиран пожар за да се креира ситуација огнот да се остави без површина за согорување и со тоа сам да се изгасне.

Постојат повеќе начини за поставување контролиран пожар, но за нив се потребни луѓе на земја, во близина на огнот. Тоа може да биде тешко на нерамен терен и бара  многу работна сила за опожарување на големи површини. Во вакви ситуации се користи хеликоптер кој испушта оган, за што Вистиномер веќе има пишувано.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека роботско куче кое фрла пламен навистина постои, се вика „Термонатор“ и се продава по цена од над девет илјади долари. Употребата на алатки од овој тип е спречување на пожари, а не намерно предизвикување пожари кои се припишуваат на климатските промени, како што тоа го прави објавата што ја анализираме. Поради тоа, оценуваме дека на објавата ѝ недостига контекст.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција