Романија не е во војна со Русија
Наспроти изнесеното во објавата, Романија не е во никаква војна со Русија, ниту на „првата линија на фронтот“. Украина е на фронтот со Русија, којашто неиспровоцирано ја нападна нејзината суверена територија и нејзиниот интегритет и суверенитет, навлегувајќи со оружје и трупи уште во февруари 2022 година. Не постојат „глобални западни креатори на оваа војна“, за којашто во повеќе наврати од страна на ЕУ и НАТО беа правени напори да се прекине – на начин што беше повикана Русија безусловно да се повлече од украинските територии, вклучително и тие што ги окупираше. Во Романија, пак, избија улични протести откако кандидатурата на прорускиот претседателски кандидат, Калин Георгеску беше одбиена, односно му беше забрането да се кандидира за претседател од страна на романската изборна комисија и од уставниот суд на земјата
Наспроти изнесеното во објавата, Романија не е во никаква војна со Русија, ниту на „првата линија на фронтот“. Украина е на фронтот со Русија, којашто неиспровоцирано ја нападна нејзината суверена територија и нејзиниот интегритет и суверенитет, навлегувајќи со оружје и трупи уште во февруари 2022 година. Не постојат „глобални западни креатори на оваа војна“, за којашто во повеќе наврати од страна на ЕУ и НАТО беа правени напори да се прекине – на начин што беше повикана Русија безусловно да се повлече од украинските територии, вклучително и тие што ги окупираше. Во Романија, пак, избија улични протести откако кандидатурата на прорускиот претседателски кандидат, Калин Георгеску беше одбиена, односно му беше забрането да се кандидира за претседател од страна на романската изборна комисија и од уставниот суд на земјата
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Романија е ставена на првата линија на фронтот во војната против Русија од страна на глобалните западни креатори на војната.Ако беа Македонци, ќе кажеа, се е договорено, што и да правиме, тоа е, судбина. Има народи кои создаваат свои судбини.Во Романија се погребува сонот за ЕУ, учителка по демократија. ЕУ никогаш и не била, ама има многу силен „ПР“ и е регрутен центар на најдолното од народите.
Во склоп на објавата се споделува видеоматеријал од уличните нередите во Романија кои избија откако кандидатура на Калин Георгеску – прорускиот претседателски кандидат, беше одбиена, односно му беше забрането да се кандидира за претседател од страна на романската изборна комисија и од Уставниот суд на земјата. На видеото се гледа како демонстрантите го превртуваат возилото на телевизиската станица од Романија „Диги“, што е веќе опишано во романските медиуми за ескалациите во Букурешт.
Тоа што е познато за овие протести е дека поддржувачите на прорускиот политичар Калин Георгеску насилно се однесувале откако неговата кандидатура беше поништена од централната изборна комисија, со фрлање камења, петарди и шишиња кон безбедносните сили, при што повредени се неколку полициски службеници и поднесени се кривични пријави. Според полицијата, демонстрантите палеле столчиња и маси, а над 500 луѓе биле идентификувани од полицијата. Повредени се 13 полицајци од кои четворица уште се хоспитализирани. Оштетувањата вклучуваат искршени стакла на деловни објекти, уништување на мебел и пешачки тротоар и запалени корпи за отпадоци.
Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, Романија не е во никаква војна со Русија, ниту на „фронтот“. Украина е на фронтот со Русија, којашто неиспровоцирано ја нападна нејзината суверена територија и нејзиниот интегритет и суверенитет, навлегувајќи со оружје и трупи уште во февруари 2022 година. Не постојат „глобални западни креатори на оваа војна“, за којашто во повеќе наврати од страна на ЕУ и НАТО беа правени напори да се прекине – на начин што беше повикана Русија безусловно да се повлече од украинските територии, вклучително и тие што ги окупираше.
На 13 март 2025 година, Европратениците го поздравија предлогот за 30-дневен договор за прекин на огнот и очекуваат Русија да се согласи со него и да ги прекине сите напади врз Украина. Тие заклучуваат дека ЕУ и нејзините земји-членки мора значително да ја зголемат помошта за Украина за нејзиното право на самоодбрана. Така што, Западот ја поддржува Украина во нејзиното право на самоодбрана, а не поттикнува и разгорува војна, наспроти тврдењата во објавата.
Со цел да се спречи понатамошна руска агресија, Европскиот парламент вели дека ЕУ мора да придонесе за силни безбедносни гаранции за Украина. Земјата мора да добие овластување да ги отфрли избрзаните договори кои ја ослабуваат нејзината безбедност на среден и долгорочен план и ризикуваат таа и другите европски земји да бидат подложни на обновена руска агресија во иднина. Европратениците се длабоко против какви било обиди да се уценува раководството на Украина да се предаде со единствена цел да го олесни таканаречениот „мировен договор“.
ЕУ и нејзините земји-членки силно ја осудуваат руската брутална агресивна војна против Украина и нелегалната анексија на украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон. Тие, исто така, го осудуваат учеството на Белорусија во руската воена агресија. Заклучоците на Европскиот совет од 19 декември 2024 година се:
Европскиот совет ја повторува својата одлучна осуда на руската агресивна војна против Украина, што претставува очигледно кршење на Повелбата на ОН и ја потврдува својата континуирана поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Лидерите на ЕУ постојано бараа Русија веднаш да ги прекине своите воени акции, безусловно да ги повлече сите сили и воена опрема од Украина и целосно да го почитува територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина.
Тоа не кореспондира со изнесеното во објавата дека има „глобални западни креатори на војната“. Таа можеше да заврши веднаш, доколку Русија се повлечеше од територијата на Украина. Впрочем, доколку европските партнери на Украина би ја прекинале поддршката за правото на самоодбрана на Украина, тоа би ја изложило на опасност Европа.
Русија ја започна својата војна против Украина без да биде загрозена од Украина или која било друга земја во Европа. Незаконски го анектираше Крим во 2014 година и продолжи со заземање територии во Доњецк и Луганск. И во февруари 2022 година, со целосната инвазија на Украина, Русија го започна најкрвавиот конфликт во Европа од Втората светска војна.
Поддржувајќи ја Украина и работејќи на зајакнување на одбранбената способност на Украина, НАТО помага да се одржи меѓународниот поредок заснован на правила и безбедноста на една милијарда луѓе на НАТО, велат оттаму.
Кога во Романија беше отфрлена кандидатурата на Георгеску од страна на националната изборна комисија, (целосната одлука е објавена овде), во одлуката се наведува и дека „лицата кои се кандидираат за романски претседател мора да го почитуваат Уставот и да ја бранат демократијата, услови кои кандидатот мора да ги исполнува од моментот на поднесување на својата кандидатура“. Уставниот суд едногласно ја отфрли неговата кандидатура. Двете институции се суверени, ѝ припаѓаат на Романија, која како држава има право да одлучува за своите внатрешни политички процеси. Романија е членка на ЕУ и во неа не се погребува сонот за ЕУ дека е „учителка по демократија“.
Кандидатот Георгеску се соочува со истрага за невистинито прикажување на финансиите во изборната кампања, а во декември 2024 г. за него на социјалните мрежи била спроведувана нетранспарентна проруска кампања.
ЕУ не е „регрутен центар на најдолното од народите“ туку во неа се промовираат највисоките вредности – човечко достоинство, слобода, демократија, еднаквост, човекови права, владеење на правото, промоција на мирот, воспоставување внатрешен пазар, борба против криминалот, одржлив економски развој, зајакнување на солидарноста меѓу земјите, нивната економска и социјална кохезија, заедничка валута итн. ЕУ придонесе за мирот и безбедноста и одржливиот развој, придонесе за солидарност и заемно почитување меѓу народите, слободна и фер трговија, искоренување на сиромаштијата, заштита на човековите права и строго почитување на меѓународното право.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар