Категорија...

ПРОВЕРКА НА ФАКТИ

Измислена изјава на Фон дер Лајен, пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено ниту претходно. Веста споделена во објавата, а која е…

Макрон, Француското собрание не изјавиле, не усвоиле ништо за стопирање или одложување на ЕУ…

Франција не усвоила никаква резолуција со која се стопира процесот на проширување на ЕУ. Ова е лажна вест, претставена како да е вистинска, наводно објавена од Би-би-си. Ниту Би-би-си, ниту кој било друг релевантен медиум, не објавил ваква…

Во видеото има делумно стари снимки кои не се од поплавите во Дубаи

Огромните врнежи од дожд што го погодија Дубаи, во објавата што ја рецензираме се делумно претставени со стари и неповрзани видеа од други елементарни непогоди, или од постар датум, или од друго место

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има право да се брани. Русија насила прогласи независност на Донбас…

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот претседател Зеленски…

Смртта на младиот италијански фудбалер Матија Џани нема никаква врска со вакцини

Младиот италијански фудбалер починал од срцев удар и нема докази оти причината за неговата смрт има каква било врска со некоја вакцина, како што тоа го тврди оваа објава. Таткото на Матија Џани, Сандро, во изјава за медиумите реагирал дека…

Дезинформација е дека во Шкотска погрешното полово именување е казниво со затвор

Новиот закон за криминал од омраза и јавен ред кој од 1 април стапи на сила во Шкотска, не спречува слобода на говор, туку овозможува поголема заштита на жртви на насилство поради религија, попреченост, сексуална ориентација, возраст,…

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека грчката страна ќе го исполни делот од Договорот…

Не е точно дека украинскиот претседател Леонид Кучма (1994-2005) бил исклучиво свртен кон Русија

Објави на социјалните мрежи излегуваат со тврдења за наводната блискост на украинскиот претседател Леонид Кучма (1994-2005) со Русија. Иако тој се обидувал да одржува нормални односи со Русија, сепак, неговата надворешна политика далеку од…

Стефковски не шетал со вистински пиштол, туку означил старт на трка со сигнален пиштол

Објавата неточно тврди дека градоначалникот Стефковски шетал со вистински пиштол и глумел шериф. Станува збор за отворање на спортска манифестација и спортски игралишта во Гази Баба, а градоначалникот Стефковски означил старт на атлетска…

Лажен јапонски доктор нуди „волшебни капки“ за лекување на дијабетес

Пребарувањата на фотографијата од наводниот доктор Хироки Саито, покажуваат дека ова е друг човек. На фотографијата се наоѓа професорот на Институтот за технологија во Токио, Јошинори Охсуми кој во 2016 година доби Нобелова награда за…

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените манипулативни наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но, иако тој лично не…

Без ниту еден доказ се обвинуваат НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди  дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се нуди ниеден доказ. Петкратното убиство кај Смилковско Езеро се случи на 12 април 2012…

Стар говор на Трамп не е доказ дека Обама стои зад ИСИС и нападите во Москва

Трамп навистина рекол дека Обама е основач на ИСИС, но тоа има метафорично значење, мислејќи пред сè на политиката која ја водел Обама и постапките кои ги преземал. Иако тој рекол дека буквално мислел дека Обама е основач на ИСИС, сепак…

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан и тој нема никаква врска со Рустам…

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во…

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС објави видео од нападот во концертната сала. На…

Невистинито: На фотографијата не се жени кои ги пријавиле сопрузите за мобилизација во украинската…

На фотографијата не се прикажани жени кои биле наградени затоа што ги пријавиле своите сопрузи во војска, туку жени од урбаната заедница Лозова кои изработиле и спровеле голем проект за овековечување на споменот на загинатите војници од…

Кемтрејлс не се споменуваат во предлог законот во Тенеси

Уредбата на Сенатот на државата Тенеси не докажува дека кемтрејлс се вистинска појава. Предлог законот кој се споменува во објавите што ги рецензираме, примарно се однесува на контрола на активностите за геоинженеринг во оваа држава и не…