Категорија...

ПРОВЕРКА НА ФАКТИ

Дезинформација е дека не може да излезете од земјава ако не сте вакцинирани

Според информациите објавени на сајтот на МНР, односно протоколите за С. Македонија, Владата на седница, одржана на 31 август 2021 година донесе одлука, според која еден од документите кои овозможуваат влез или излез од земјава е и…

Не е точно дека за операција во Градска болница – Скопје се бара трета доза вакцина

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека човек со гангрена на стапалото, со две примени дози бил одбиен за операција во Градска болница - Скопје, зашто не примил трета бустер доза. Ова тврдење е невистинито

Човекот на ова видео починал по откажување на бубрезите, а не пет минути после вакцинација

Точно е дека пациентот починал пред болницата во Мексико Сити, точно е дека веднаш не му била пружена медицинска грижа, а вратата на болницата била затворена, но не е точно дека ова се случило ,,пет минути после вакцинација". Сите…

Вакцинираните не го пренесуваат вирусот повеќе од невакцинираните

Вакцинираните можат да заболат или да го пренесат коронавирусот, но тие не се главни преносители на болеста, како што тврди оваа објава на Фејсбук. Постот се повикува на видео изјава на претседателот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, којашто…

Германскиот хемичар не бил убиен, бидејќи „ја зборувал вистината за вакцините“, туку починал од…

Германскиот хемичар Ноак не открил дека во вакцините има графен оксид, затоа што вакцините не содржат графен оксид, а тоа го потврдуваат многу светски медицински експерти, за што „Вистиномер“ досега има пишувано во неколку наврати. Докторот…

Не е покачен курсот на еврото

Одлука за намалување на вредноста на домашната валута во однос на странските валути - еврото,  нема донесено ниту Владата, ниту Народната банка на  Република Северна Македонија. Од Народната банка  демантираа дека е покачен курсот на…

Неточно е дека сите кои примиле вакцина на „Фајзер“ завршуваат со миокардитис

Постот е типична дезинформација, која има цел да ги наведе корисниците на социјалната мрежа дека секој што примил вакцина на „Фајзер“, завршува фатално, откако добил воспаление на срцевиот мускул. Што не е точно. Факт е дека неколку…

Инспекторите не се Гeстапо, ниту, пак, медиумите форсираат присилна вакцинација

Во видеото се изнесува дезинформација дека невакцинираните, ако бидат затекнати во угостителски објект од инспекторите, ќе платат високи казни до 5.000 евра. Висината на пропишаната глоба  за гостинот без потврда за вакцина е 250 евра во…

Дезинформација е дека 90 проценти од починатите се вакцинирани

Фејсбук објава без докази и извори од релевантни институции, шири невистини дека 90 проценти од починатите овој месец се вакцинирани, додека анализите на Министерството за здравство покажуваат дека 79 отсто од починатите и 69 отсто  од…

Не е вистина дека вакцините не спречуваат заразни болести

Благодарејќи на имунизацијата многу заразни болести кои во минатото претставувале значаен јавно-здрaвствен проблем затоа што предизвикувале висок морбидитет, односно морталитет кај децата и возрасните, или предизвикувале компликации и…

Со вакцините против ковид не се модифицира геномот на личноста

Наспроти тврдењата во постот , во вакцините против ковид-19, нема мРНК модифицирачка трансхуманистичка нанотехнологија. мРНК технологијата потекнува од 1990, иако сега за првпат се користи во широкоупотребувани вакцини. Во вакцините на…

Барт Сомерс не е белгиски министер за здравство и не учествувал во лажна вакцинација, туку во…

Првата дезинформација е дека Сомерс е министер за здравство на Белгија. Тој никогаш не бил на таа функција. Видеото, пак, е земено од телевизиска станица, а на него се гледа проба во вакцинален центар, кој уште не бил отворен во моментот на…

Инхалацијата на пареа не штити од заразување со коронавирусот и не лечи ковид-19

Нема докази дека вдишувањето на пареа функционира како третман за коронавирус, напротив тоа може да биде штетно, изјави за „Вистиномер“ доктор Симона Сапунџија, специјализант по оториноларингологија. Д-р Бенџамин Нојман, експерт за…

Рекламите на Кока кола и мутациите на коронавирусот се неспоредливи

Тврдењето дека целта на новите мутации е да ја рекламираат „пландемијата“, како што во постот е именувана пандемијата со коронавирусот, за да се продава стравот, нема никаква основа. Човекот засега нема контрола врз мутациите на вирусот,…

Купишта невистини дека ковид е заговорнички план на „сатанистите, глобалистите и фармацевтската…

Фактите се дека СЗО нема забрането обдукции на починати од ковид-19. Само во С. Македонија, на Институтот за судска медицина извршени се повеќе обдукции на починати од ковид 19 во земјава, но само ако за тоа има индикација. Тоа е официјално…

Јужна Африка прва го пријави сојот омикрон во СЗО

Јужна Африка не побарала од производителите на вакцини да престанат да испорачуваат вакцини, туку да ја одложат испораката. Причината е што во оваа земја има доволен број на вакцини како залиха, кои не се искористени

„Беса Транс“ немала извод од лиценца за опожарениот автобус

Оваа лиценца која ја објави МК Денес, не му припаѓа на автобусот со регистерски ознаки СК 0284 БА, кој заврши кобно во сообраќајката на автопатот во Бугарија. Таа лиценца му припаѓа на друг автобус, а фирмата „Беса Транс“, лажно ја…

Во автобусот на „Беса Транс“ не се превезувала состојка за производство на хероин

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека во автобусот на „Беса Транс“ кој се запали во Бугарија и каде животот го загубија 45 патници, се превезувала стока која што е прекурсор, што е лажно тврдење