Категорија...

ПРОВЕРКА НА ФАКТИ

Не е вистина дека вакцините не спречуваат заразни болести

Благодарејќи на имунизацијата многу заразни болести кои во минатото претставувале значаен јавно-здрaвствен проблем затоа што предизвикувале висок морбидитет, односно морталитет кај децата и возрасните, или предизвикувале компликации и…

Со вакцините против ковид не се модифицира геномот на личноста

Наспроти тврдењата во постот , во вакцините против ковид-19, нема мРНК модифицирачка трансхуманистичка нанотехнологија. мРНК технологијата потекнува од 1990, иако сега за првпат се користи во широкоупотребувани вакцини. Во вакцините на…

Барт Сомерс не е белгиски министер за здравство и не учествувал во лажна вакцинација, туку во…

Првата дезинформација е дека Сомерс е министер за здравство на Белгија. Тој никогаш не бил на таа функција. Видеото, пак, е земено од телевизиска станица, а на него се гледа проба во вакцинален центар, кој уште не бил отворен во моментот на…

Инхалацијата на пареа не штити од заразување со коронавирусот и не лечи ковид-19

Нема докази дека вдишувањето на пареа функционира како третман за коронавирус, напротив тоа може да биде штетно, изјави за „Вистиномер“ доктор Симона Сапунџија, специјализант по оториноларингологија. Д-р Бенџамин Нојман, експерт за…

Рекламите на Кока кола и мутациите на коронавирусот се неспоредливи

Тврдењето дека целта на новите мутации е да ја рекламираат „пландемијата“, како што во постот е именувана пандемијата со коронавирусот, за да се продава стравот, нема никаква основа. Човекот засега нема контрола врз мутациите на вирусот,…

Купишта невистини дека ковид е заговорнички план на „сатанистите, глобалистите и фармацевтската…

Фактите се дека СЗО нема забрането обдукции на починати од ковид-19. Само во С. Македонија, на Институтот за судска медицина извршени се повеќе обдукции на починати од ковид 19 во земјава, но само ако за тоа има индикација. Тоа е официјално…

Јужна Африка прва го пријави сојот омикрон во СЗО

Јужна Африка не побарала од производителите на вакцини да престанат да испорачуваат вакцини, туку да ја одложат испораката. Причината е што во оваа земја има доволен број на вакцини како залиха, кои не се искористени

„Беса Транс“ немала извод од лиценца за опожарениот автобус

Оваа лиценца која ја објави МК Денес, не му припаѓа на автобусот со регистерски ознаки СК 0284 БА, кој заврши кобно во сообраќајката на автопатот во Бугарија. Таа лиценца му припаѓа на друг автобус, а фирмата „Беса Транс“, лажно ја…

Во автобусот на „Беса Транс“ не се превезувала состојка за производство на хероин

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека во автобусот на „Беса Транс“ кој се запали во Бугарија и каде животот го загубија 45 патници, се превезувала стока која што е прекурсор, што е лажно тврдење

Антиваксерите ја злоупотребуваат здравствената состојба на Селин Дион како оружје против…

Сите официјални извори укажуваат на тоа дека Селин Дион има проблеми со мускулите, а ниту еден дека тоа е последица на вакцината против ковид 19, како што се тврди во објавата

Немало осми преживеан од автобуската несреќа кој се качил автостоп во автобусот на „Беса транс“

Пост на Фејсбук ја дезинформира јавноста во врска со бројот на патници и бројот на преживеани од  автобусот кој трагично изгоре во сообраќајна несреќа на автопатот Струма во Бугарија, а во кој животот го загубија 45 лица и 7 беа повредени.

Трите деца не починале од вакцина против ковид, туку од труење со јаглерод моноксид

Објавено е видео на ФБ во кое се тврди дека три деца умреле од вакцина, а видеото е снимено и објавено од медиумите во Кина кога вакцини против ковид воопшто и не беа измислени

Министерството за здравство не дава 50 бесплатни ќеси за вакцинираните

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се вели дека Министерството за здравство ќе дава 50 бесплатни ќеси за вакцинираните против ковид-19. Текстот е претставен како новинарски жанр вест, а малкумина сфатиле дека е шега, што може да се види и…

Не е точно дека возачот на „Беса транс“ заспал и дека немало негова реакција

Пост на Фејсбук шири дезинформации во врска со автобуската несреќа која се случи на автопатот Струма во Бугарија во која 45 лица загинаа, а 7 беа повредени, во делот на причините, поточно дека возачот на автобусот заспал зад воланот

Вакцините против ковид не предизвикуваат канцер

Податоците од клиничките тестирања и почетокот на вакцинацијата против ковид-19, не покажуваат линк меѓу вакцините и стапката на канцер. Пациентите со малигни хематолошки заболувања во Северна Македонија имаат и официјални препораки од…

Фаучи не тврдел дека маските предизвикуваат бактериска пневмонија

Д-р Ентони Фаучи и неговите колеги напишале труд во 2008 година, во којшто се утврдува дека жртвите на шпанскиот грип од 1918 година починале од бактериска пневмонија предизвикана од грип. Но, во трудот маскитет воопшто не се споменуваат,…

Не може да се споредува ковид вакцинацијата со ,„вбризгување непозната супстанца“

Составот на ковид вакцината не е непознат. На официјалната веб-страница на Министерството за здравство, kovid19vakcinacija.mk. може да се прочита составот за сите вакцини против ковид-19 кои се употребуваат кај нас. Исто така, вакцинацијата…

Вакцината против ковид не е плацебо

Плацебо - физиолошки раствор од сол и вода, се користи  само во клиничките испитувања, односно во раните фази, кога вакцината е во процес на испитување и тоа за да се покаже нејзината ефикасност. Не постои ниту еден доказ, дека луѓето кои…