Русија не ѝ се закани на С.Македонија со ракетата „Сармат“

Целиот напис, иако тоа не е потенцирано во него, потекнува од твит на поранешниот вицепремиер на Русија, Дмитриј Рогозин, каде тој ја споменува ракетата „Сармат“, но не и нашата држава. Во твитот на Рогозин, се споменуваат Романија и Црна Гора

Целиот напис, иако тоа не е потенцирано во него, потекнува од твит на поранешниот вицепремиер на Русија, Дмитриј Рогозин, каде тој ја споменува ракетата „Сармат“, но не и нашата држава. Во твитот на Рогозин, се споменуваат Романија и Црна Гора

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се вели дека Русија се заканила кон Македонија со ракетата „Сармат“ позната како „Сатана 2“.

Во состав на постот, објавен е напис од медиум, во кој пишува дека ракетата „Сармат“ е закана за Македонија од страна на Русија, откако шефот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, ѝ се заканил на нашата земја со нуклеарна ракета, бидејќи Македонија не дозволила авионот на Сергеј Лавров да помине низ македонскиот воздушен простор.

Постот е исклучително вирален со над 120 споделувања, повеќе од 1400 допаѓања и над 1100 коментари.

Целиот напис, иако тоа не е потенцирано во него, потекнува од твит на поранешниот вицепремиер на Русија, Дмитриј Рогозин, каде тој ја споменува ракетата „Сармат“, но не и С.Македонија.

 

Во твитот се вели:

Сармат нема да бара дозвола за прелет од кукавичките Бугари, одмаздољубивите луѓе во Романија и Црногорците кои ја предадоа нашата заедничка историја.

Во твитот на Рогозин, се споменува Романија, а не Македонија, иако романската влада негира дека добила формално барање за прелет на рускиот министер за надворешни работи Лавров преку нејзина територија.

Во написот и во постот кои се предмет на нашата рецензија, не е наведен друг извор од кој може да се поткрепи тврдењето дека Русија ѝ се заканила на Македонија со ракетата „Сармат“. Реакцијата на Рогозин на Твитер, пак, доаѓа откако македонското Министерство за надворешни работи го одби барањето на руската амбасада за специјално одобрение за користење на воздушниот простор за лет до Белград на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, поради тоа што владата на нашата земја веќе има донесено општа одлука за затворање на воздушниот простор на Северна Македонија за авиопревозници во сопственост на Руската Федерација.

Повеќе медиуми во земјава, ја објавија информацијата за Твитот на Рогозин, меѓутоа доследно, без притоа да манипулираат и да додаваат дека тој ја споменал Северна Македонија како што тоа се прави во постот што го рецензираме.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека Русија ѝ се заканила на Македонија со ракетата „Сармат“. Во твитот на Рогозин, кој може да се оквалификува како провокација, не се споменува нашата држава.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција