Русија не е толку конзервативна колку што се претставува – заштитата на „традиционалните вредности“ само пропаганден трик

Москва, Кремљ Фото:LENA15Pixabay

Пропагандната интенција на Кремљ да се претставува како некој голем заштитник на традиционалните и семејни вредности, преку социјалните мрежи допира и до македонските граѓани, а дел од нив потезите на Русија во таа насока ги прифаќаат со воодушевување. Некои од нив ја поистоветуваат Русија со „православна ноева арка“, а некои не пропуштаат да ја напаѓаат Европската Унија наведувајќи дека ги шири деструктивните, а не традиционалните вредности. Но, вистината е сосема поинаква

Пропагандната интенција на Кремљ да се претставува како некој голем заштитник на традиционалните и семејни вредности, преку социјалните мрежи допира и до македонските граѓани, а дел од нив потезите на Русија во таа насока ги прифаќаат со воодушевување. Некои од нив ја поистоветуваат Русија со „православна ноева арка“, а некои не пропуштаат да ја напаѓаат Европската Унија наведувајќи дека ги шири деструктивните, а не традиционалните вредности. Но, вистината е сосема поинаква

 

Пишува: Ана Анастасовска

 

На 21 септември, Република Северна Македонија се најде на „црната листа“ на Русија како земја која шири „деструктивни вредности кои се во спротивност со руските духовни и морални вредности“.

Списокот вклучува 47 земји, меѓу кои се речиси сите земји од Европската Унија, со исклучок на Унгарија и Словачка, како и сите земји од НАТО, освен Турција. На листата се најдоа и Швајцарија, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија, Нов Зеланд, Микронезија и Бахамите, како и Украина.

Документот го потпиша рускиот премиер Михаил Мишустин на 20 септември и беше издаден во согласност со указот на претседателот Владимир Путин од 19 август годинава, кој предвидува поедноставена процедура за преселба на странци во Русија за оние кои не ги прифаќаат „деструктивните неолиберални ставови во нивните земји кои противречат на традиционалните руски духовни и морални вредности“.

Во прилог на „цврстата одбрана на традиционалните вредности“, Русија на 25 септември им забрани на странците во чии земји е дозволена промена на пол да посвојуваат руски деца.

Авторите на законот го претставуваат како мерка за заштита на посвоените руски деца од „потенцијално опасни услови“ во земјите од НАТО, кој ја поддржува Украина во војната со Русија.

Оваа одлука има за цел да го заштити детството и традиционалните вредности. Мора да ги заштитиме нашите деца од опасностите што може да ги сретнат кога се посвојуваат или се одгледуваат од граѓани на странски држави, каде што е дозволена промена на полот, изјави по гласањето претседателот на Думата Вјачеслав Володин, близок сојузник на претседателот Владимир Путин, пренесе МИА.

Минатата година Русија воведе забрана за нејзините граѓани да го менуваат полот, било преку документи или медицински пат, со што се проширија мерките против ЛГБТ заедницата во земјата.

Путин досега многупати својата воена агресија врз Украина ја оправдува, меѓу другото, со „одбрана на традиционалните и семејни вредности“ кои „Западот сака да ги уништи“. Според Путин, западните земји се тие коишто сакаат да го уништат семејството и православието, преку тоа што ги „благословуваат истополовите заедници“ и ја „одобруваат педофилијата“.

Тие никогаш не престануваат да лажат и да ги искривуваат историските факти додека ја напаѓаат нашата култура, Руската православна црква и другите традиционални верски организации во нашата земја. Погледнете што му прават на сопствениот народ. Се работи за уништување на семејството, на културниот и националниот идентитет, перверзија и злоупотреба на децата, вклучително и педофилија, а сето тоа е прогласено за нормално во нивниот живот. Ги тераат свештениците да благословуваат истополови бракови. Благослови ги нивните срца, нека прават што сакаат… Милиони луѓе на Запад сфаќаат дека се доведени до духовна катастрофа. Искрено, се чини дека елитата полуде и се чини дека нема лек за тоа. Но, како што реков, тоа се нивни проблеми, додека ние мора да ги заштитиме нашите деца, и тоа ќе го направиме. Ќе ги заштитиме нашите деца од деградација и дегенерација, рече, меѓу другото, Путин во своето обраќање до Федералното собрание во февруари 2023 година.

Пропагандната интенција на Кремљ да се претставува како некој голем заштитник на традиционалните и семејни вредности, преку социјалните мрежи допира и до македонските граѓани, а дел од нив потезите на Русија во таа насока ги прифаќаат со воодушевување. Некои ја поистоветуваат Русија со „православна ноева арка“, а некои не пропуштаат да ја напаѓаат Европската Унија, наведувајќи дека ги шири деструктивните, а не традиционалните вредности.

Фото: Принтскрин ФБ пост
Фото: Принтскрин ФБ пост

Манипулативна тактика на Кремљ

Мит е дека Западот сака да ги уништи „традиционалните вредности“, односно дека „Русија води света војна против безбожните сатанисти во Украина за да го заштити христијанството и традиционалните вредности“, оценува Euvsdisinfo во својата анализа за руската војна во Украина.

Честопати, про-Кремљ експертите за дезинформации, особено Владимир Соловјов го користат овој дезинформациски наратив во врска со неоснованите обвинувања против Украина за наводен обид за уништување на Православната црква. Оваа манипулативна тактика се засили во 2019 година кога на Православната црква на Украина ѝ беше доделен статус на независна црква и повторно во ноември 2022 година кога украинската влада објави дека ќе подготви закон за забрана на црквите поврзани со Русија, пишува Euvsdisinfo.

Демонизирањето на Украина и нејзините западни поддржувачи како безбожници оди рака под рака со про-Кремљ дезинформациите дека Западот сака да ги уништи „традиционалните вредности“.

Заедно, тие ја прикажуваат Русија како заштитник на овие вредности. Овој дезинформативен наратив за заштита на загрозените вредности е исполнет со хомофобија која често се претвора во отворен говор на омразазаклучува Euvsdisinfo.

Русија не е конзервативен рај

Вистината е, пак, сосема поинаква, а тоа е дека Русија е едно од најмалку религиозните општества во светот, со само 9 отсто од Русите кои барем малку редовно ги посетуваат верските служби, според анкетата спроведена во 2022 година од центарот Левада со седиште во Москва, пишува Форин полиси во својата анализа „Русија не е конзервативен рај“.

Спротивно на тоа, речиси една третина од Американците често одат во црква. Само 1,4 милиони Руси – односно само 1 процент од населението – присуствувал на најновите божиќни богослужби. Руската држава, исто така, ги прогонува христијаните кои не се придржуваат кон руското православие, вклучувајќи ги баптистите, Јеховините сведоци и, се разбира, сите кои се поврзани со Православната црква на Украина.

Русија не е ниту бастион на она што вистинските конзервативци би го сметале за традиционални вредности, наведува Форин полиси. Врз основа на податоците пресметани од Институтот Гутмахер, стапката на абортуси во Русија од 2015 до 2019 година била речиси четирипати повисока од онаа на Соединетите држави и повеќе од двапати повисока од онаа во Украина.

Русија, исто така, има четврта највисока стапка на разводи во светот – 60 проценти повисока отколку во Соединетите Држави и повеќе од 50 проценти повисока отколку во Украина.

Оние меѓу американската и европската крајна десница кои ги проектираат своите идеали на руското општество ги игнорираат очигледните и обилни докази. Лажната слика за богобојазлива Русија тешко дека е случајна. Тоа е последица на систематските напори на Путин и неговите пропагандисти да создадат теми за разговор за глобалната десница – напор што се забрза откако Русија ја започна својата сеопфатна војна против Украина во 2022 година. Претставувајќи ги Русите и руската држава како длабоко религиозни и натопени во традиција – и со осудување на западниот естаблишмент за неговите наводни напади врз традиционалните вредности – пропагандата на Кремљ направи сериозен упад меѓу културните и религиозните конзервативци во САД и на други места. Ова помогна да се создаде одредена мерка на симпатија за војната на Русија против Украина кај одредени сегменти на екстремната десница, кои го гледаат Путин како моќен глас на нивната страна во културните војни, заклучува Форин полиси во својата анализа.

Идејата за распаѓање на Западот, поставен против Русија која е „чувар“ на пристојноста и моралот, произлегува од самиот врв на Кремљ. Според анализата на Европскиот совет за надворешни односи од 2015 година, Путин веќе во 2013 година го зазел овој став, осудувајќи ги „евро-атлантските“ земји за нивната морална декаденција и неморалност.

Еден паметен пропаганден трик беше да се подобри имиџот на злобниот Запад со спојување на социјалниот конзервативен и антизападниот став. На овој начин, Западот и западњаците, хомосексуалците, либералите, современите уметници и нивните обожаватели, оние кои не се однесуваа кон Руската православна црква со должна почит и оние кои се осмелија да се сомневаат во беспрекорното историски досие на Русија, сите беа претставени како едно „неделиво зло“, закана за Русија, нејзината култура, нејзините вредности и нејзиниот национален идентитет, се наведува во анализата на Европскиот совет за надворешни работи.

 



 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција