Руската пропаганда се спречува со решавање на проблемите и посилна демократија

Фото: Вистиномер

На 20-21 номеври 2025 година во земјава пристигна Лукас Андриукаитис, експерт за дезинформации и од Литванија, инаку долгогодишен стручен соработник на Дигиталната истражувачка лаборатирија на Атланскиот совет од Вашингтон. Посетата претставуваше заедничка иницијатив на амбасадите на Шведска и Литванија во С. Македонија, како и на делегацијата на Европската унија во земјава и Европската куќа (Europe House) со цел да се запознае стручната и пошироката јавност како да се ангажираат јавните извори на информации со цел да се засили отпорноста на македонското општество кон дезинформациите

На 20-21 номеври 2025 година во земјава пристигна Лукас Андриукаитис, експерт за дезинформации и од Литванија, инаку долгогодишен стручен соработник на Дигиталната истражувачка лаборатирија на Атланскиот совет од Вашингтон. Посетата претставуваше заедничка иницијатив на амбасадите на Шведска и Литванија во С. Македонија, како и на делегацијата на Европската унија во земјава и Европската куќа (Europe House) со цел да се запознае стручната и пошироката јавност како да се ангажираат јавните извори на информации со цел да се засили отпорноста на македонското општество кон дезинформациите

 

Посетата вклучувше средба со стручни и академски лица на Универзитетот за Југоисточна Европа во Тетово, како и предавање и работлница на темата, додека утредента

Во Европската куќа се одржа Форум за политики на тема Идентификување на полдни почви и развивање на одговори за спречување на странски мешања, можности и поттици за странски информациски манипулации и мешања, како и работлница на тема: Техники а користење на отворени извори за разоткривање на дезинформации.

На настанот во Скопје воведни зборови дадоа литванската амбасадорка за посебни задачи, Вилма Дамбраускиен (Vilma Dambrauskienė), шеф на скопската канцеларија на Амбасадата на Литванија и Ола Солстром (Ola Sohlström), амбасадор на Шведска во С. Македонија.

Со нејзината екселенција Вилма Дамбраускиен и со Лукас Андриукаитис и разговаравме во текот на една од паузите меѓу настаните, обидувајќи се да дознаеме што повеќе за деталите околу странското мешање на авторитарните режими во демократските земји, како и за мерките и политиките што се преземаат во Литванија, Балтикот и пошироко во Европската Унија во спречувањето и разоткривањето на дезинформациските текови и хибридните закани, каде што дезинформациите се само дел од активностите што се преземаат, додека тие содржат и други штетни дејствија до економска, политичка, па и од насилна природа.

Амбасадорката Дамбраускиен беше посебно заинтересирана за приодот на кој предвидува ангажман на целото општество во справувањето со дезинформациите, истакнувајќи дека таквата активност би била многу корисна и добредојдена за земја како С. Македонија, значи за мала земја која граничци со многу помоќни соседи, не смао кога станува збор за штетните влијанија на кремљ. Таа истакна дека овој приод е корисен дури и кога станува зборза земја која е подалеку од Украина и Русија и каде што влијанието на војната во Украина не е толку изразено како кај земјите од руското соседство. Овој приод предвидува заедничка акција на сите сегмент и стејкхолдери од општеството, – медиумите, неладиниот сектор, државата, бизнисите и слично, односно сите онеи кои би можеле да бидат засегнати од она што во Европа се неркува странско мешање, манипулации и информации (FIMI – Foreign interference, manipulation and information).

Нејзиниот колега Лукас Андиукаитис, смета дека во многу сегменти не би требало да ги преувеличуваме способностите на руската пропаганда.

Ако се против мигрантите, ако сте конзервативен за некои социјални прашања, ако сте против истополови бракови, ако сте против абортусот, ако сте десничар кога станува зборза економските прашања, вие најверојатно ќе бидете поспремни да ја третирате Русија со извесно разбирање и сте скептичен кон Украина. Русија имаше среќа да биде поврзана со тој сет на идеи и дури и ако сте само анти-ЛГБТ, вие сте некако проруски анстроени. Русија се вметна во ваквите наративи капитализираше од ова.

Во однос на прашањето кој е подоминантен и поважен во ширењето на пропагандата на Кремљ – дали оние кои тоа го прават свесно и намерно или оние кои тоа го прават не знаејчи, однсно кои не се ни свесни дека ја туркаат агендата на Кремљ, сметајќи дека придонесуваат кон расправата,  Андриукаитис вели:

Тешко е да утврди колку од оние што ја шират руската пропаганда во Европа, навистина веруваат во она што го продава Кремљ, а колку не се ни свесни дека шират руска пропаганда кога ги шират нивните дезинформации. Силната страна на руската пропаганда е во тоа што таа е силно вплеткана во домашните прашања и проблеми, при што понекогаш во тие дебати се шири и руската пропаганда. Но, тешко е да се утврди што е што. И мислам дека нема лесни решенија на тоа прашање. Не е доволно само да се справувате со руската пропаганда, туку и да се решаваат локалните проблеми за оваа пропаганда да не може да капитализира од нив. Русија е многу повеќе заинтересирана да ги наруши западните интереси и нејзе и е лесно да го искористи било кој проблем за нешто да наштети, за некој проблем да го прошири и засили, да предизвика тензии. Вообичаено се користи некој реален локален проблем, кој треба да се реши, зашто таквиот проблем нема да го снема дури и без руската пропаганда.

Слушаме за отворање на ТВ станица на руската РТ во Србија идната година. Колкаво би можело да биде нејзиното влијание во земјите од регионот?

Секако дека на Русија ќе ѝ се дадат поголеми можности за пропаганда со ваквата ТВ станица. Но, не би требало да ги пренебрегнеме локалните медиуми, особено оние коицсе блиски до владата Вучиќ, кои се многу многу поважни во ширење на руската пропаганда отколку Спутник Србија или РТ. Вообичаено, имаме режими на кои им одговара ширење на таквите наративи. Тие се многу покорисни за нив. Тие го знаат локалниот контекст подобро од било кој руски пропагандист и можат да понудат многу повеќе, имаат поголем углед, итн. Секако дека руските можности за пропаганда ќе се зголемат, но тоа не значи дека таква телевизија ќе биде помоќна од Пинк ТВ, на пример.

Во која насока би се развивала руската пропаганда во следниот период во С. Македонија и во регионот на Западен Балкан?

Состојбата со руската пропаганда во следниот период нема да се смени многу. Кремљ беше заинтересиран за С. Македонија пред влегувањето во НАТО, кога инвеситраше многу да го смени јавното мислење. Но, сега, кога земјата влезе во Алијансата интересот се намали значајно. Сѐ уште има дезинформации, но тие се вообичаени кои ги гледаме насекаде. Не е само руската пропаганда таа која донесе на власт лидери како Фицо во Словачка, на пример. Тие не победуваат само заради анти-украинските слогани. Тие победуваат на избори зашто домашната економска состојба е тешка, а и ситуацијата во Европа, вклучувајќи ја и С. Македонија станува потешка. Економските проблеми се шират и без руската пропаганда, па и мал интерес на руската пропаганда може да доведе до позначајни последици.  Инфлацијата е висока, цените растат низ Европа, има економска рецесија и тешко е да се најдат подобрувања.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција