Ружди Лата, градоначалник на Општина Дебар: Ветувањата ќе се исполнат

Градоначалникот на Општина Дебар, Ружди Лата, во интервју за Порталб.мк и Вистиномер.мк, зборуваше за изградба на резервоар за вода за пиење, за изградба на градинки, за градската депонија, за изградба на булеварот „Скендербег“ и за други проекти кои треба да се реализираат во неговиот мандат како градоначалник

Градоначалникот на Општина Дебар, Ружди Лата, во интервју за Порталб.мк и Вистиномер.мк, зборуваше за изградба на резервоар за вода за пиење, за изградба на  градинки, за градската депонија, за изградба на булеварот „Скендербег“ и за други проекти кои треба да се реализираат  во неговиот мандат како градоначалник

 

За изградбата на резервоар за вода за пиење, Лата рече дека ќе биде готов летово со инвестиции од страна на Општината и на донатори. Тој тврди дека средствата се целосно обезбедени, а, исто така, информира и дека дијаспората е подготвена да плати за металната конструкција на резервоарот.

Лата, во  ова интервју извести и дека е изградена една градинка од 600 метри квадратни, која ќе биде функционална од следната година или уште и годинава. Тој додава дека ќе се изгради и градинката која ја вети во предизборната кампања од 1.000 метри квадратни, за која рече дека се договара со фондации, како и дека има одредено место за нејзината градба.

Кога станува збор за најпроблематичната точка во Општината во текот на летото – депонијата, градоначалникот Ружди Лата вели дека во Дебар, за разлика од другите градови состојбата е подобра, бидејќи депонијата е подалеку од градот, дека има само една депонија во која сега тече процесот на систематизација, како и дека има доволно простор за депонијата.

Тој информира дека отпадот нема да се сепарира, туку само ќе се порамнува и ќе се покрие со земја. Лата прифаќа дека во Општина Дебар систематизацијата на кучиња сè уште е проблематична и не ветува дека овој проблем ќе може да се реши.

За изградбата на булеварот “Сендербег” тој информира дека овој проект е во фаза на консултации и дека има идеја која треба да се обработи од страна на архитекти. Не ветува временски рок, но вели дека проектот ќе се спроведе во рамките на неговиот мандат. На булеварот, исто така, ќе има и локација за паркинг.

Средствата за систем за наводнување почнуваат да се обезбедуваат. Тој ќе се изведува од страна на централната власт, а не од локална самоуправа.

Генералниот урбанистички план на општината ќе се реализираа во делови. Засега се одобрени блок 3, 4 и 17, додека другите се во тек. Плановите се направени, но Лата вели дека има одложување од страна на Министерството за транспорт и врски. И за овој проект тој наведува дека ќе се заврши во текот на овој градоначалнички мандат.

За изведба на терминалот со Албанија, пак, вели дека се потребни инвеститори, но и дека засега нема заинтересирани.

Лата ветува дека ќе продолжи да им одговара на телефонските повици од новинарите, како и дека ќе биде транспарентен како и досега. За досегашните трошоци направени од страна на Општината, тој истакна дека ќе се објават кога ќе бидат готови.

 

Ова интервју е реализирано од страна на Порталб.мк

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција