Ружди Љата

Ружди Љата е градоначалник на Општина Дебар.

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Ружди Љата е роден на 6 мај 1953 година во Дебар.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Основно образование завршил во Дебар, а средното во медресата „Алаудин” во Приштина. Високо образование стекнал на Приштинскиот универзитет на Филолошкиот факултет – Отсек ориентални јазици.

Трет степен на студии завршил на Приштинскиот универзитет и се здобил со титулата магистер по филолошки науки.

Говори албански, македонски, српски, хрватски, турски и арапски.

 

КАРИЕРА

Од 1980 година паралелно работел во Исламската заедница и како предавач при Приштинскиот универзитет на Катедрата за ориенталистика до 1993 година, при што, во последните две години наставата на факултетот се одвивала во приватен објект. По 1993 година, повторно паралелно работел во Исламската заедница на Македонија и на Факултетот за исламски науки во Скопје до 1995 година.

Од 1995 до 2009 година работел само во Исламската заедница, а потоа почнал да работи како предавач на Катедрата за ориенталистика при Државниот универзитет во Тетово.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Во неговата кариера се занимавал со преводи од арапски јазик и од турски јазик и објавувал авторски статии.

На позицијата градоначалник на Дебар е изгласан на локалните избори во 2013 година.

 

ИЗВОРИ

Веб-сајт на ЗЕЛС – Гласило април 2013 стр. 11

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција